14 машки тајни кои е подобро да ги дознаете порано, отколку подоцна
Не морате сите лекции да ги научите од сопствените грешки, затоа прочитајте што е добро да го знаете порано, отколку кога ќе биде премногу доцна...
Овие 14 машки тајни ќе ви помогнат да стекнете искуство кое ќе можете да го пренесете во својата врска.
1. Ако не сте сигурни дали му се допаѓате на мажот или не, тоа не е добар знак. Можеби тоа изгледа симпатично во романтичните комедии, но во реалниот живот работите не стојат така. Не си го комплицирајте животот со детали, бидејќи вистината секако ќе дојде сама од себе.
2. Мажите понекогаш ќе ви се додворуваат, само за да си го нахранат егото. Но, тоа нема зошто да ве чуди, бидејќи оваа техника е и женска специјалност!
3. Повеќе од сѐ мажите сакаат акција, затоа не бидете наивни - тие секако ќе направат сè што е потребно да стигнат до неа.
4. Ако сте се договориле дека тој ќе ве покани да излезете, не му праќајте порака, почекајте. Тој добро знае што треба и како...
5. Многу мажи сакаат да зборуваат за брак, но само на зборови и останува. Додека на вашата рака не се појави прстен, само правете се дека го слушате.
6. Не се правете важни со подароци од почетокот на врската. За мажите дарежливост значи очај. Ако сакате да делите подароци, едноставно контролирајте се со вредноста.
7. Мажите не размислуваат како жените. Не верувајте во тоа што го гледате по филмовите.
8. Ако мислите дека вашето момче ќе стане посериозно во рок од 1 година, се лажете. Мажите бавно растат.
9. И мажите можат лесно да се навредат.
10. Вистина е дека секоја жена е посебна и единствена, но во машките очи ниту една не е принцеза, без разлика што вели нејзиниот татко.
11. Ако тој никогаш не се јави, тоа е во ред. Едноставно на тој начин се спасувате од личност која не ве посакува вистински.
12. Не дозволувајте да бидете излажани од добриот автомобил, краватата и оделото. Дури и образованиот маж на добро работно место умее да биде насилен.
13. Хемијата со него не може да се создаде. Ако се сакате како пријатели, не форсирајте понатаму.
14. Мажите никогаш нема да ги разберете во целост. Затоа, потрудете се да се разберете себеси за почеток.