Македонските девојки одговорија: Кој е просечниот број на сексуални партнери кој би го задоволил нивното его пред да стапат во брак?
Откако македонските момци одговорија на ова прашање, на ред се девојките кои треба да го изразат своето мислење и став за истото.
Еве како одговорија девојките ширум Македонија на прашањето за тоа кој е просечниот број на сексуални партнери кој би го задоволил нивното его пред да стапат во брак:
Според мене девојката треба да искуси се пред да стапи во брак, а под тоа се подразбира менување на неколку сексуални партнери. Бројката е право на личен избор, јас сум за тоа секоја девојка да ја одреди по сопствена мерка како мене. Во животот сум имала досега 5 сексуални партнери и мислам дека тоа е во ред, а за во иднина бројката сигурно ќе се зголеми пред да стапам во брак.
Марија 22 (Битола)
Што ако ниедна врска во животот на една девојка не функционирала досега, зарем треба да остане со некој само поради тоа што имала секс со него и да стапи во брак со истиот?
Јас досега сум имала неколку сериозни врски кои секако вклучувале секс, но не се повеќе од 5. Искрено не се замарам со бројката бидејќи не ми е важна, кога ќе го пронајдам вистинскиот што ме исполнува во секоја смисла која ја вклучува и сексуалната, тогаш би стапила во брак со истиот.
Николина 24 (Скопје)
Зошто мажите не се класифицираат како машки проститутки ако спиеле со над 10 девојки?
Лично јас секогаш сум се прашувала зошто е тоа така, но престанав откако го сменав размислувањето на таа тема. Животот е мој и ќе го живеам без да се прашувам што ќе речат останатите за мене. Сметам дека ќе се мажам на постара возраст, а дотогаш сакам да уживам во слободата која вклучува секс со кој што јас би посакала без разлика на бројката.
Адријана 27 (Охрид)
Помнам еден разговор со пријателка која ја запознав преку дечко ми (нашите дечковци се дружеа и покрај нив почнавме да се дружиме и ние.) Тоа што ја загрижуваше неа беше тоа што тој дечко и беше прв сексуален партнер, а таа се плашеше да не и раскине, во тој случај би се распуштила како сите девојчиња. Останав со подзината уста.
Денес ниту таа не е со истото момче, ниту пак јас сум со тој што ми ја одзел невиноста. Не значи дека си распуштена девојка ако спиеш со повеќе момчиња, мојата бројка моментално е 3 и планирам да ја зголемувам се додека не го најдам соодветниот.
Маја 22 (Прилеп)
Јас искрено досега сум имала доволно сексуални партнери за да сфатам дека сексот не е ништо повеќе отколку обично уживање, секако дека не треба да си го приуштиме со секого, но кога имаме желба за секс за една вечер, зошто да не?
Покрај тоа јас сум бисексуалка, така што планирам пред брак да спијам со личност од истиот пол, што значи дека бројката планирам да ја зголемам барем еден плус од веќе постоечката, а потоа да стапам во брак.
Моника 21 (Битола)
Девојките треба да се почитуваат себеси и според тоа мислам дека момците се во право кога не сакаат брак со некоја што спиела со пола град претходно вклучувајќи и околни села.
Јас преферирам само секс во врска, за секс за една вечер немам ниту воопшто размислувано, ниту пак сакам да размислувам, не камоли пак да спијам со непознат. Совет од мене до сите девојки е да внимаваат на бројката како што внимавам јас, се уште сум со мојот прв и сакам да стапам во брак со него.
Јана 19 (Кавадарци)