Невообичаени начини да бидете привлечни за момците
Жените секојдневно вежбаат, се шминкаат и дотеруваат за да им изгледаат привлечно на своите партнери...
Она што не го знаете е дека постојат и некои други работи, кои ќе ви помогнат да бидете уште повеќе привлечни за спротивниот пол.
Некои од нив сигурно не ви паднале на памет:
Бидете љубезни
Многу истражувања покажале дека љубезните луѓе делуваат попривлечно. Освен што ќе бидете атрактивни, ако сте љубезни ќе бидете и посреќни, што е здраво.
После раскинување
Иако раскинувањата се болни, сепак постои и една добра страна. Жените после раскинувањето губат околу 3 килограми и во тој период се трудат да бидат што попривлечни.
Облини
Размислувате да држите диета и да ги отстраните облините? Размислете повторно. Истражувањата покажале дека мажите кои се под стрес преферираат крупни жени. Ако подобро размислите повеќето мажи во урбаните средини живеат по стрес, ќе сфатите дека за крупните жени нема грижа.
Бидете свои
Бидете свои, бидејќи сите други се зафатени. Ако се придржувате до овој совет, можете да бидете сексуално попривлечни на спротивниот пол.
Уживајте во слатко
Уживањето во слатко пред состанок ќе ви помогне партнерот да ви делува попривлечно.
Плодни денови
Жените се најпривлечни кога се во плодните денови. Истражувањата откриле дека тие денови се менува лицето на жената и нејзиниот глас, поради што се повеќе привлечни, отколку во другите денови во месецот.