13 знаци дека врската постојано ви е во фаза „меден месец“
Некои парови едноставно не знаат како да излезат од романтичната љубовна фаза, без разлика колку години и да се заедно.
Проверете дали и вие сте еден од ретките парови кои засекогаш останува „на меден месец“.
1. По којзнае колку години, најубавиот дел од денот е кога конечно ќе го видите партнерот.
2. Се гушкате секоја вечер пред да заспиете.
3. Возбудени сте секој пат кога треба заедно да гледате некоја серија.
4. Дури и после толку време, убедени сте дека тој/таа е најзгодниот/најзгодната момче/девојка во цел свет.
5. Патувате заедно без да драматизирате или да се искарате на самото тргнување.
6. Партнерот прави неочекувани гестови кои ви значат. Мислиме на ситници како масажа од неколку минути или купување на омиленото чоколадо без нарачка.
7. Си кажувате што ве нервира кај другиот, без тоа да прерасне во кавга.
8. Сè уште се дотерувате и одите на состаноци, барем еднаш во неделата.
9. Секогаш се бакнувате пред да си заминете.
10. Не можете да правите нешто заедно, без да се допрете или прегрнете после неколку минути.
11. Не ги разбирате долгите периоди без секс.
12. Возбудени сте кога треба да го зготвите неговото/нејзиното омилено јадење.
13. Сè уште носите секси долна облека.