10 знаци кои откриваат дека сте подготвени да кажете „да“
Во брак стапувате само кога сте сигурни во себе, својот партнер и емоциите. Но, светкавото камче во пресудниот момент може да ве заслепи.
За да не избрзате со свадбените ѕвона и организацијата, обидете се на време да откриете дали сте подготвени за големото „да“.
1. Се чувствувате добро во своја кожа како поединец, а не само кога сте со партнерот.
2. Ги слушате приказните на вашите немирни пријателки и сите излегувања кои ги доживеале, но сепак ви е мило што не сте биле со нив.
3. Знаете дека изгледот е минливо нешто. Поважни ви се животните ставови, отколку како тој изгледа, дали облекол стари тренерки или заборавил да се ишиша.
4. Тој не е единствената важна личност во вашиот живот. Имате пријатели со кои ја делите радоста и тагата и на кои можете да се потпрете.
5. Кога размислувате за иднината, вашиот партнер автоматски е дел од неа.
6. Без проблем разговарате за финансиите и немате проблем да ја платите сметката која ќе излезете заедно.
7. Вашите емоции се силно поврзани со емоциите на партнерот. Ако тој е тажен не можете да бидете среќни и обратно.
8. Престанавте да го анализирате неговото однесување. Не барате скриени пораки во секоја реченица која ќе ја каже и уверени сте дека ве сака.
9. Конечно откривте дека пред него не мора да глумите и сигурни сте дека никогаш нема да ги изневери вашите тајни или да ја искористи вашата ранливост.
10. Сте разговарале за заедничко живеење, венчавка и семејство и вашите ставови на тие теми се речиси идентични.