7 причини зошто да одберете девојка која ве смее до солзи

Погледнете колку и е широка насмевката, колку ѕвезди има собрано во очите. Внимателно гледајте ја.

7-pricini-zosto-da-odberete-devojka-koja-ve-smee-do-solzi-01.jpg

Во моментот кога ќе сфатите дека веќе се смеете, а таа ништо посебно не направила, одберете ја неа.

Зошто?

1. Интелигентна е

Глупавоста не се крие зад насмевката, туку мудроста. Девојката која те смее истовремено те тера да мислиш, да го вклучиш мозокот и ти открива некои нови хоризонти кои можеби ни самиот не си ги открил.


2. Не и требаат скапи штикли за да биде атрактивна

Без разлика дали носи патики или штикли, во каква облека ќе инвестира или кој филтер ќе го искористи на Инстаграм, жената која се смее во себе носи нешто посебно. И на тоа никој не останал рамнодушен, па веројатно нема ни ти.


3. Вистинска е

Без маски, без потреба од докажување. Знае која е и свесна е зошто ја сакате.


4. Верува во себе

Не постојат срамежливи и несигурни комичари. И наместо да се грижи дали сте се завртеле по девојката со позгоден задник, веќе следната секунда има толкав репертоар на шеги што со денови нема да ви текне на девојката која поминала покрај вас.


5. Ќе ве натера да се потрудите

Кога жената ќе ве маѓепса со хумор, автоматски ве тера да го направите истото. Само со неа ќе научите дека секогаш можете повеќе и подобро.


6. Играта со зборови е најдобрата предигра

Ако сте пробале - знаете. Ако сте ја немале таа среќа - пронајдете ја што побрзо, ќе разберете за што зборуваме.


7. Ќе ви ги сруши сите бариери

Само жената која ве смее може да извлече искреност од вас. Никогаш нема да бара да бидете некој што не сте, ниту ќе сака да ве види во поразлично светло. Тоа ќе ви го смири телото, умот и срцето.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg