Женска одмазда: Изневеруваме поради бес
Неверствата порано најчесто им се препишуваа само на мажите, но веќе одамна жените и во однос на тоа се речиси рамноправни. Она што ги разликува се причините. Мажите изневеруваат во моменти на слабост, а жените во моменти на бес.
Жените почесто размислуваат за некое неверство како одмазда за она што се бесни, но ретко го спроведуваат на дело.
Максимумот е некој поинтензивен флерт, но на безбедна дистанца, свесни дека дури и тоа би било доволно за земјотрес и наоѓаат сатисфакција во тоа што предизвикуваат интерес кај некого, сигурни дека ако сакаат може да го имаат. Најчесто со тоа се задоволуваат.
Но, ако почесто им се случуваат моменти на бес и постојано размислуваат за одмазда, тогаш сигурно ќе побараат излез од врската во која се незадоволни, огорчени, осуетени и под стрес.
На крајот, најчесто завршуваат со некој кој постојано им бил во близина и им го давал вниманието кое го очекувале од партнерот.