Заљубете се низ 36 прашања

Излегувањето на првиот состанок повеќето ги асоцира на непријатни прашања и одговори. Но, што ако ги знаете вистинските прашања кои ќе ве зближат по само неколку часа?

zaljubete-se-niz-36-prasanja-01.jpg

Не постои научна формула за среќен крај, но психологот Артур Арон тврди дека по одговорите на овие 36 лични прашања двајца странци може да станат сродни души.

Прва група прашања:

1. Кога би имале шанса било кој да поканите на вечера, кого би одбрале?

2. Дали би сакале да бидете славни и познати? По што?

3. Пред да се јавите на телефон дали вежбате што ќе кажете? И зошто?

4. Што е за вас совршен ден?

5. Кога последен пат сте пееле за своја душа? А кога последен пат сте пееле за некој друг?

6. Кога би добиле можност да живеете 90 години, а во 30-та година да добиете нечие тело и мозок во кое би живееле уште 60 години, чии тело и мозок би одбрале?

7. Дали претпоставувате како ќе умрете?

8. Набројте 3 заеднички работи кои ги имате со партнерот.

9. За која работа сте благодарни во животот?

10. Да можете да промените нешто во начинот на кој сте израснале, што би било тоа?

11. Одвојте 4 минути и на вашиот (потенцијален) партнер раскажете му ја својата животна приказна, со што повеќе детали.

12. Да имате една шанса да се разбудите со една квалитетна особина и способност, кои би ги одбрале?

zaljubete-se-niz-36-prasanja-02.jpg

Втора група прашања:

13. Ако една кристална кугла може да ви ја каже вистината за вас, за вашиот живот, иднината и сè останато, што би сакале да знаете?

14. Постои ли нешто за што долго фантазирате? Зошто не сте го исполниле?

15. Кои се најголемите достигнувања во вашиот живот?

16. Што најмногу цените во едно пријателство?

17. Што е највредниот спомен на кој се сеќавате?

18. Кој е најлошиот спомен на кој се сеќавате?

19. Ако знаете дека за една година ќе умрете, што би промениле во животот и зошто?

20. Што за вас значи зборот пријателство?

21. Каква улога има љубовта во вашиот живот?

22. Наведете 5 позитивни карактеристики на вашиот (потенцијален) партнер?

23. Колку сте блиски со семејството? Дали мислите дека имавте посреќно детство од многу други дечиња?

24. Како би го оцениле односот со вашата мајка?

zaljubete-se-niz-36-prasanja-03.jpg

Трета група прашања:

25. Наведете 3 вистини кои можете да ги кажете со „ние“, однесувајќи се на вас и вашиот партнер.

26. Довршете ја реченицата: Би сакал/а да имам некој со кој би можел/а да поделам...

27. Ако станете добар пријател со својот (потенцијален) партнер, набројте што веднаш би му кажале.

28. Кажете му на партнерот што сакате и бидете искрени.

29. Споделете ги со партнерот моментите кои за вас биле непријатни.

30. Кога последен пат плачевте пред некој друг? А кога последен пат плачевте сами?

31. Кажете му на партнерот што сакате кај него.

32. Што е премногу сериозно за вас и не би се шегувале на таа тема?

33. Кога би умреле уште вечерва, без можност да комуницирате со никој, за што најмногу ќе се каете? Што не сте кажале, а сте требале или обратно?

34. Замислете дека во домот гори оган. Откако сите најблиски и миленичиња се спасени, имате можност да земете уште една работа. Што би спасиле и зошто?

35. Чија смрт во семејството ќе ја поднесете најтешко? Зошто?

36. Споделете со партнерот некој личен проблем и побарајте тој да го направи истото. Потоа заеднички смислете решение за туѓиот проблем.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg