13 години ерекција
Чарлс Чик Ленон пред 13 години, уште кога вијаграта не била достапна за обичните смртници, имал желба за подобра ерекција и пенис, со кој...
...ќе може да ја задоволува тогашната љубовница.
Лекарите во пенисот му вметнале посебен пластичен имплатант, кој на импотентните мажи им овозможува навистина цврста ерекција.
Уредот наводно делува така што пред сексот го исправува пенисот, а кога ќе ејакулира, повторно се враќа во нормална состојба.
Но, кај овој дечко, работите тргнале наопаку, ерекцијата не сакала да попушти, па неговиот пенис останал во ваква положба цели 13 години.
Господин Ленон заради оваа состојба имал потешкотии во секојдневниот живот, не можел да се поздравува и гушка со луѓето, да оди на плажа, да вози велосипед и да се однесува како сите останати мажи.
Расипаниот имплатант му создавал и болки во пенисот, па се одлучил за тужба која му донела половина милион долари оштета.
Неговиот адвокат барал поголема оштета и додал “Непрестајно набрекнатиот пенис му го уништи животот!“
Ако можеби се чудите зошто Ленон го чувал имплатантот 13 години тоа е заради своето слабо срце кое можеби не би ја издржало наркозата на операцијата.
Одговорноста за настанатата ситуација треба да ја сноси производителот на овој уред.