Совршениот маж постои и може да се пронајде
Совршениот маж сепак постои, секако, под услов ако малку ги намалите критериумите...
Совршениот маж е неостварен сон на многу жени, меѓутоа како овој човек навистина изгледа? Јасно е дека не можете да барате исти работи од мажите кога имате 20, 35 или 50 години, па затоа потполно е нормално девојките од 18 години до 24 години да бараат духовито момче, кое е секогаш подготвено за акција и со кое имаат исти интереси.
Следните десетина години сте во потрага по амбициозна личност, која е концентрирана на својата кариера. Додека пак кај генерацијата жени од 35 години до 44 години, најважно им е мажот да е барем 5 години постар.
Меѓутоа, кога жената доаѓа на возраст од 45 години нејзиното мислење се менува, па повеќе стануваат заинтересирани за десетина години помлади момци, за да веќе во 55 година од животот пронајдат и сексуално задоволство со својот партнер.
Ако карактеристиките ги одбираме според нациите, идеален маж е оној кој е вешт со парите како Германец, се облекува како Италијанец, здрав е како Швеѓанин, романтичен како Французин и духовит како Британец.
Совршениот маж секако постои, но жените во текот на својот живот несвесно ја менуваат сликата и воопшто карактеристиките кои еден идеален маж би требало да ги поседува.
Се согласувате ли?