5 Важни работи за подобро функционирање на пенисот
Еректилната дисфукнција не се лекува само со таблети, туку голема улога игра и начинот на животот кој го водите.
Важно е што јадете, колку килограми имате, што пиете, дали вежбате и колку спиете.
Ако успеете да ги држите под контрола овие 5 фактори, вашиот пенис ќе функционира одлично без таблети:
1. Тежина
Одржувањето на здрава телесна тежина е многу важно за доброто сексуално функционирање. Ако имате вишок килограми, променете го начинот на исхрана и обидете се да ја вратите тежината во нормала.
2. Сон
Ако сте забележале дека утринската ерекција започнува да изостанува, тогаш најверојатно имате проблем со спиењето. Недостатокот на сон влијае врз сексуалниот нагон.
3. Вежбање
Луѓето кои редовно одат во фитнес центар имаат посилен сексуален нагон. Физичката активност е најдобар начин за слабеење, а освен тоа ќе имате и повеќе самодоверба кога ќе бидете без облека.
4. Исхрана
Што помалку холестерол, толку повеќе тестостерон. Освен тоа, високото ниво на шеќер кај мажите кои боледуваат од дијабетес може негативно да влијае врз функцијата на нервите во пенисот.
5. Алкохол
Вистина е дека малку алкохол може да им помогне на мажите во решавање на проблемот со еректилната дисфункција. Една до две чаши алкохол го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, кои пак се главни причини за еректилната дисфункиција. Но, никако не смеете да претерувате со алкохолот, бидејќи на тој начин ќе го намалите сексуалниот ефект.