Изборот на мажите кажува многу за вас!

Без разлика дали сакате да си признаете или не, секоја жена има свој тип на маж кој ѝ се допаѓа повеќе од останатите. Дури и секој следен потсетува на претходниот и никако не може да го избегне тоа.

izborot-na-mazite-mnogu-kazuva-za-vas-

Но, токму таквиот избор може многу да открие за каков тип жена се работи, иако таа не сака тоа да го покаже.

Можеби не би се опишале себеси на овој начин, но ако се пронајдете во некој од описите, подобро е да си признаете.

1. Нарцисоиден тип

Карактеристики: Заљубен е во себе, секогаш во центарот на вниманието, секогаш е најгласен и има потреба да шармира. Штом еднаш го фатите, почнува да ја покажува и својата лоша страна. Мора постојано да го фалите и да ги прифаќате неговите критики.

Зошто го одбираш: Веројатно затоа што си сама и нарцисоидна. Звучи лошо, но така е. Нарцисоидните луѓе најчесто се привлекуваат меѓусебно, а ако започнат врска, таа се претвора во константен натпревар за тоа кој ќе биде подобар, поубав и кој ќе добие повеќе внимание од другиот.


2. Емоционално недостапен тип

Карактеристики: Тој не е подготвен за врска, не сака да покажува чувства и не сака да ја планира иднината со тебе. Не можеш никако да го фатиш, бидејќи посотјано држи дистанца.

Зошто го одбираш: Затоа што имаш чувство дека не заслужуваш нешто подобро. Жените кои постојано се обидуваат да се изборат со ваквите мажи немаат доволно самодоверба за да си кажат дека заслужуваат некој кој ќе ги обожава.


3. Тип кој треба да го поправиш

Карактеристики: Тој не е доволно добар за тебе, но ако промениш некои работи на него би бил совршен. Кога ќе успееш да го фатиш имаш чувство како да почнуваш нов добротворен проект.

Зошто го бираш: Имаш постојана потреба да поправаш нешто, да бидеш нечиј херој и да докажуваш дека си добра личност. Веројатно во твоето минато постои врска поради која се чувствуваш лошо, па се обидуваш да се искупиш за старите гревови.


4. Зафатен тип

Карактеристики: Има девојка или жена. Не можеш да го фатиш затоа што е зафатен, па дури и ако ја остави заради тебе, многу е веројатно дека ќе му досадиш и ќе те остави или замени и тебе.

Зошто го бираш: Немаш почит кон себе, а штом одбираш некој кој е веќе во врска, покажуваш непочитување и кон другите. Потајно веруваш и се надеваш дека ќе ја остави девојката или жената заради тебе и потајно веруваш дека го заслужуваш повеќе од нив.

Каков тип е вашиот маж? 

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg