Зошто секогаш ја посакуваме личноста која не може да ја имаме?

Нервоза, љубомора, депресија и сето тоа поради љубов. Не било каква, туку невозвратена, да би била возвратена љубов, сигурно не би ги предизвикувала овие симптоми.

zosto-sekogas-ja-posakuvame-licnosta-koja-ne-moze-da-ja-imame-1

Но, зошто често ги трпиме симптомите и со своите постапки себеси се деградираме сè повеќе и повеќе во моментите кога некоја личност која нè привлекува нè одбива или ни дава до знаење дека не сме компатибилни за неа?

Зошто едноставно не заминеме без збор и оставиме истата да си го живее животот, бидејќи сепак секој има право на свој избор во поглед кон личноста со којашто сака да биде во врска или авантура.

Без разлика дали се работи за обична авантура, или сериозна врска, исходот е сличен. Кога партнерот во врска ни раскине ние повторно го посакуваме, а кога некој не сака да се впушти во авантура со нас, исто така сè повеќе го посакуваме.

Тоа е така бидејќи човекот е суштество што сака да доминира! Човекот почитува несвесно закон кој не сака да го почитува, а тоа е законот на одбивањето.

zosto-sekogas-ja-posakuvame-licnosta-koja-ne-moze-da-ja-imame-2

Едноставно е, кога некој те игнорира, деградира или те става на страна, ти сè повеќе и повеќе посакуваш да ти обрне внимание, да ти се восхитува, или да те стави до негова страна блиску до него.

Игнорирањето е преценето, поради тоа патиме, но зошто не бидете вие први кои ќе ја спуштат неговата цена?

Нареден пат кога ќе ве привлече личност која покажува знаци на нелагодност кон вас, или пак одбивност поради непозната причина, не обидувајте се да ја дознаете причината, туку заминете и барајте некој што ќе даде сè за да може да ве има, тој вас, а не вие него!

Што мислите вие за законот на одбивањето?

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg