5 лажни верувања заради кои не можете да го пронајдете вистинскиот

Наоѓањето на вистинскиот партнер и не е толку лесна работа, како што навидум изгледа. Но, често проблемот е токму во нас и во нашите лажни верувања.

5-lazni-veruvanja-zaradi-koi-ne-mozete-da-go-pronajdete-vistinskiot1

Токму тие ве задржуваат во наоѓањето на вашата „сродна душа”, а доколку успеете да ги надминете и да заборавите на нив, бидете сигурни дека за кратко време ќе пронајдете искрена и вистинска љубов.

1. На мажите им се допаѓа одреден тип на жена

Кога во прашање се жените, мажите имаат различни вкусови, а најважно е дека тие никако не сакаат површни жени. На нив им е најважно жената добро да се чувствува во своето тело и да биде сигурна во својот изглед и интелигенција.


2. Се споредувате со другите жени

Споредувањето е најлошата работа која можете да си ја направите на себе. Без разлика дали се сметате за подобри или полоши од другите, негативноста и љубомората ќе се претворат во недостаток од љубов кон себе. Почнете поинаку да гледате на луѓето во вашето опкружување и фокусирајте се на своите добри страни.


3. Сметате дека треба да глумите за да привлечете совршен маж

Најголемиот проблем се јавува кога сметате дека не сте доволно добри, па морате да глумите за да привлечете внимание од мажот кој ви се допаѓа. Меѓутоа, единствен начин да создадете трајна и безусловна врска полна со љубов е да бидете тоа што сте и да бидете свесни за вашата вредност.


4. Заборавате дека не постои совршенство

Вие сте си замисли како треба да изгледа идеалниот партнер, но заборавате да погледнете подлабоко под површината. Неговата страст и амбиции се далеку поважни од работата која ја работи, а наместо мускули побарајте маж кој во себе има авантуристички дух. Фокусирајте се на квалитетите под површината, бидејќи тие влијаат врз вашиот иден заеднички живот.


5. Мислите дека е предоцна за сѐ

Ако самите се убедите дека сте го пропуштиле „возот”, ќе дојдете во ситуација во која ќе престанете да се надевате. Самите несвесно ќе започнете да ги одбивате сите прилики кои ги добивате. Убедете се себе дека таму некаде постои личност која чека само на вас. Љубовта не можеме да ја испланираме, таа едноставно се случува. 

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg