Знаци кои откриваат дека со вашата врска нешто не е во ред
Емоционалното изневерување е малку потешко да го препознаете затоа што полека и суптилно се вовлекува во вашиот живот. За разлика од физичкото неверство, емоционалното изневерување нема јасни граници, заради што многумина го сметаат за полошо од самиот секс.
Иако разменувањето на пораки и флертувањето ви се чини безопасно, овие 4 знаци укажуваат дека со вашата моментална врска нешто не е во ред.
1. Лажете дека сте сами, иако сте во врска веќе неколку години
Криењето на врската е прв знак дека нешто не е во ред. Лажењето дека сте сами, а сте зафатени со години им дава надеж на другите и истовремено го омаловажува вашиот партнер. Со тоа уште еднаш си докажувате дека не ви е грижа за него/неа, ниту за односот кој го имате.
2. Размена на забавни пораки
Постојаното праќање пораки на еден ист пријател за кој вашиот партнер не знае дека постои е еден вид на изневерување. Посебно ако при секое ѕвонење на телефонот ви се јавуваат пеперутки во стомакот.
3. Безопасен флерт
Социјалните мрежи го олеснуваат флертувањето, но сепак треба да имате мерка. Флертувањето пред партнерот делува како омаловажување, а не забава. Иако физички никогаш не би го изневериле пред негови очи, емоционалното предавање е многу посериозно.
4. Фантазирање за пријателот
Ако поминувате долго време со пријателот и притоа си фантазирате како би било ако сте заедно, веќе сè е јасно. Тоа е јасен знак на незадоволство и можеби одлична прилика да ги промените работите.