6 причини зошто бракот е најдоброто нешто кое може да ви се случи во животот
За оние кои што сè уште не рипнале во тавче, народно кажано, бракот претставува непозната институција во која не знаат како да се однесуваат, ниту пак сакаат воопшто да влезат во неа.
Епа момци и девојки ова се 6 причини зошто бракот е најдоброто нешто кое може да ви се случи во животот:
1. Имате личност до вас со која ќе го поминете остатокот од животот заедно, без страв дека некогаш ќе бидете осамени.
2. Имате свој учител кој секогаш ќе укажува на вашите грешки и успеси, ќе ве поддржува и ќе ви дозволи да го надминете, бидејќи ученикот секогаш го надминува својот учител, нели?
3. Имате некој што ќе ја направи тагата помала, а среќата поголема кога ќе ја поделите со него.
4. Сексот го имате на располагање 24 часа, седум дена во неделата, до крајот на животот.
5. Имате најдобар пријател, бидејќи љубовникот воедно е и ваш најдобар пријател.
6. Секогаш ќе се чувствувате сакано, зарем тоа не е доволно?