5 жени раскажуваат: Зошто го изневерив мојот сопруг?
3. Ми беше досадно и бев несреќна
На 35 години мојот живот беше како сон – маж кој ме сака и две прекрасни деца. Но, јас бев несреќна. Тој беше добар човек, но ми беше неподносливо досаден.
Некако се чувствуваше како со сила да сака да се вклопи во сè, а некако не му одеше. Таа година првпат го запознав Австралиецот Боб и некако веднаш почувствува некоја хемија и поврзаност.
Си размениме броеви и останавме во контакт. Одлучив да отидам до Австралија за да го видам и да расчистам еднаш засекогаш со тоа што се случува.
Наместо тоа, се заљубив. Оставив сè – децата, мажот, работата и родниот град. Се преселив да живеам со Боб во Австралија.
Станав посилна, независна и самоуверена жена. Тоа беше пред 25 години, а денес јас и Боб сме во среќен брак, водиме сопствена винарија и неверството се покажа како најубава пресвртница во мојот живот.
Боб и јас имаме 5 деца и 10 внуци и не ми е досадно. (Барбара, 60 год.)
4. Мојот маж беше опседнат со работата
„Јас 10 години водев свој живот независно од мојот маж, бидејќи тој никогаш не беше во близина. Гери беше целосно опседнат со својата работа, а сопруга му требаше само формално.
Затоа никогаш немаше енергија ниту желба за мене. Јас бев целосно предадена на семејството и давав сè од себе, но во срцето знаев дека не сакам така да живеам цел живот.
Една вечер го сретнав Том, кој ми беше само познаник, а по неколку неделни средби, една вечер завршивме заедно.
По неколку неделно изневерување на сопругот одлучив да ставам крај на нашиот брак и две години подоцна да се венчам со Том.
Немаше ни еден месец по венчавката кога Том доживеа срцев удар и почина. Тоа што завршив со него беше најдобрата и најлошата работа што ми се има случено во животот.
Тој ја разбуди жената во мене и ми покажа како заслужувам да бидам сакана, а кога почина ми го одзема сето тоа.
Сепак ми остана надежта дека можам тоа повторно да го доживеам и дека знам што ми е потребно“. (Барбара, 49 год.)
5. Тој прв ме изневери
„Бевме скоро една година во брак кога дознав дека ме изневерил. Бев многу лута, повредена и ме убиваше сознанието дека не сум му доволна.
Се чувствував како да не сум доволно добра, способна и привлечна како жена, па затоа морал сето тоа да го побара на страна.
Целиот тој хаос на измешани чувства беше пресуден за и јас да се впуштам во афера. Го изневерив, пред сè за да му се осветам, но и за да си ја вратам самодовербата.
Сакав повторно да се почувствувам привлечно и посакувано. Откако тој ме откри, живеевме одделно неколку месеци, но потоа одлучивме да побараме стручна помош и да го спасиме нашиот брак.
По 14 години брак кој успеа да преживее, најголема лекција која ја научив е дека сме си доволни еден на друг за да бидеме среќни, но добриот однос бара постојан труд и внимание“. (Лари, 33 год.)