11 работи кои треба да ги правите во врската за вистински да ја доживеете љубовта
Иако мислите дека единствено важно во врската е да бидете заедно со оној кој ви се допаѓа, реалноста е малку поинаква. Врската не се одржува сама од себе, туку таа треба да се негува.
Постојат некои работи кои треба да престанете или да почнете да ги правите за да ја доведете врската на вистинско ниво и да ја доживеете љубовта.
1. Престанете да му префрлате на партнерот
Со секое навредување, осудување или обвинување на партнерот само бегате од проблемите кои треба да ги решите.
Наместо за секоја препрека во врската да му ја префрлате целата вина на партнерот, размислете подобро и обидете се заедно да најдете решение за проблемот.
Така ќе покажете дека навистина ви е важна љубовта и врската која ја имате.
2. Престанете да очекувате партнерот да биде она што посакувате
Кога постојано имате некоја замисла и посакувате некој да биде по ваша мерка, само го губите допирот со сегашноста и со онаа личност која навистина е до вас.
Ако престанете да очекувате некој да се промени и го прифатите онаков каков што е, ќе покажете дека навистина го сакате.
3. Ослободете се од стравовите
Без разлика што ви се случувало во минатото, колку ве повредиле или вие сте повредиле некого, важно е да се ослободите од стравовите и да не ги пренесувате во моменталната врска.
Простете си себе, простете им и на другите. Така ќе покажете дека сакате да се посветите на она што ви се случува моментално.
4. Не глумете жртва
Никој не е жртва. Сè што се случува и како тоа се одразува на вас зависи од вашата перцепција на нештата.
Ако гледате страв, насилство и себичност вашите мисли ќе бидат насочени кон тоа дека треба да се заштитите од сето тоа. Она што треба да го промените е вашиот агол и начин на гледање на работите.
5. Прифатете ги разликите
Никој не може да биде како вас, ниту вие може да бидете исти како некој друг. Двајцата сте тука за да бидете среќни такви какви што сте, а не за да се менувате.
Кога поставувате услови и се обидувате да манипулиратесамо си создавате повеќе проблеми. Ако за нешто не се согласувате со партнерот, тоа е сосема во ред, не значи дека не се сакате.
Сè додека ви е најважно кој е во право, дотога нема да бидете среќни.
6. Преземете одговорност над сопствениот живот
Вие сте тие кои управувате со својот живот. Вашиот партнер не е некој од вашите родители. Вие сте тие кои треба да се грижите за себе и за она што ви се случува.
Секој е одговорен за своите постапки. Добро е за некои работи заеднички да разгварате и да одлучувате, но треба само да си бидете поддршка, не и да зависите еден од друг.
7. Споделете ја енергијата
Тоа е она што го имате и што ве прави среќни. Добро е да го споделите со оној кој ви е важен. Но не го правете тоа за да ви биде возвратено, бидејќи со тоа веќе си создавате очекувања. Тие ја убиваат љубовта.
8. Најдете време еден за друг
Ако двајцата сте постојано зафатени не си давате простор еден за друг, врската ќе почне да станува сè поладна. Мора постојано да се трудите и да ја негувате, ако сакате да опстане.
9. Дајте си простор еден на друг
Одлично е да поминувате време заедно, но не смеете да почнете да се гушите. Не смеете да бидете постојано заедно, без одмор и без оддалечување и да заборавите на себе.
На тој начин само ќе придонесете за зголемување на кавгите по извесно време. Верувајте му на партнерот и дајте си простор еден на друг, дозволете да почувствувате дека си недостигате.
10. Поддржувајте се
Ако некој од двајцата има повисока цел, се бори за остварување на некој сон, многу е важно да ја добие поддршката од другиот.
Така ќе знае дека не е сам, дека има на кого да се потпре без разлика што ќе се случи или дека ќе има со кој да ја сподели радоста од остварувањето на сонот. За што и да е, важно е да ја имате меѓусебната поддршка.
11. Комуницирајте
На крајот, она што е најважно, без разлика дали сте во најубавиот период од врската или поминувате низ некоја криза, е да комуницирате меѓусебно.
Треба да знаете и да сослушате без да возвратите или да бидете слободни да му кажете сè на партнерот. Споделувајте ги мислите и чувствата, само така ќе знаете дека вашиот однос е вистински.