Подарок кој го изработувал цела година, за таа да се буди со насмевка 365 дена
Ако веднаш помислувате на некој скап подарок, облека или дијаманти, не е ништо такво. Неговиот подарок не може да се купи, бидејќи е изработен со многу љубов и внимание.
Целиот подарок најпрво го смислил, па почнал да го изработува. За тоа му била потребна цела година.
Во една поголема стаклена тегла, собрал 365 љубовни пораки кои ги пишувал секојдневно, во текот на една година.
Сето тоа го направил со упатство за употреба: „За секој ден да ти почнува со насмевка, можеш да одбереш по едно ливче во боја, зависно од тоа што сакаш да прочиташ.
На жолтите ливчиња се напишани некои заеднички моменти и сеќавања, на зелените има стихови и цитати, а на розевите ливчиња се напишани причини поради кои те сакам“.
Има ли нешто поромантично?