15 Женски навики кои ги одбиваат мажите

Драги дами, погледнете и запомнете кои женски навики на мажите никако не им се привлечни, убави и секси.

15-zenski-naviki-koi-gi-odbivaat-mazite-1

Љубоморната, критичарката, материјалистката се дел од особините за кои жените треба да се потрудат да ги искоренат од себе, ако сакаат покрај себе да имаат примерен партнер.

Погледнете што велат мажите за тоа кои навики се одбивни кај жената:

1. Жената секогаш треба да ја затвора вратата додека е во тоалет

„Мислам дека е навистина одвратно да се гледа жена во тоалет. Немојте да ги оставате тампоните или такви слични работи, на видливи места, бидејќи тоа е навистина одбивно.”


2. Преголема материјалистка

„Ме одбива жена која е голем материјалист. Ако обрнува внимание на тоа какви чевли носам, каков часовник имам или каков автомобил возам - се повлекувам.”


3. Женската љубомора

„Еднаш бев со една девојка на состанок, а во соседниот автомобил седеше една личност со долга руса коса. Девојката ми се нафрли дека ја одмерувам русокосата, за која излезе дека е всушност маж.”


4. Таинственоста е важна

„Еднаш разговарав преку телефон со една жена и штом почнавме да зборуваме, таа кажа дека ќе мора да ослаби за да можеме да водиме љубов. Зарем треба да го наговорите мажот за секс?”


5. Жени кои не се заинтересирани за својата иднина

„Не сакам жени кои немаат свој живот и работа. Ниту пак онакви кои се заглавени со кредити, или имаат поранешно момче психопат. Сакам одговорни жени.”

15-zenski-naviki-koi-gi-odbivaat-mazite-2

6. Без притисоци

„Сакам кога можам да излезам со жена без никаков притисок. Ако е момчето под притисок, а таа дополнително истиот го зголемува, тој веднаш ќе се затвори во себе.”


7.  Вечната критичарка

„Не сакам кога жената ме критикува пред другите. Ако направам нешто погрешно, тоа треба да ми го каже дома. ”


8. Мажите сакаат мир после напорен ден

„Кога ќе си дојде дома после напорен ден, оставете го на мира половина час. Поздравете го, бакнете, но немојте веднаш да му зборувате што ви треба.”


9. Светот на жената не треба да се врти околу партнерот

„Една девојка ми рече дека потрошила 3 часа во спремање за првиот состанок со мене, а тоа е малку претерано.”


10. Драстична промена на изгледот

„Секој маж се плажи дека неговата девојка после венчавката ќе ја скрати својата коса, ќе се здебели, или ќе ја изгуби желбата за секс.


11. Жена која премногу пие

„Ниедна жена која би сакала да се забавува со пристојно момче, не треба да пие со него. Ако се напие дома тоа е едно, но ако во кафуле или кафеана направи будала од себе, тоа страшно ги одбива мажите. Никој не сака да биде со пијаница.”


12. Жена која не е социјализирана

„На мажот не треба да му се даде до знаење дека седите дома и го чекате неговиот повик. Секој маж сака да знае дека и други ве посакуваат.”


13. Жена која трча по вас

„Кога жената трча по машкото тоа е одбивно. Се чувствувам како да гледам крави кои сами доаѓаат на пасиште, навистина е премногу лесно.”


14. Жена која сака да знае сѐ

„Премногу е одбивно кога жена ве тера да го пријавувате секој свој чекор, тоа е исто како некој константно да ве притиска и да ви го мери времето.”


15. Жена која секаде доаѓа ненајавена

„Не е добро кога таа постојано се појавува ненајавено дома кај момчето, или на неговото работно место. Секој има потреба од приватност и живот надвор од врската.”

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg