22 начини за да кажете „Те сакам“ без да изговорите ни збор

Колку што се вели дека двата најубави и најтешки зборови во една врска се „Те сакам“, толку повеќе почнуваат да бидат секојдневие и да го губат своето значење.

22-nacini-za-da-kazete-te-sakam-bez-da-izgovorite-ni-zbor-01

Затоа постојат поинакви начини на кои може да го покажете истото, без да изговорите збор:

1. Направи ги работите кои ги избегнуваш. Некој мора да ја поправи чешмата, да ги измие садовите, да го фрли ѓубрето... Биди тој/таа!

2. Премолчете. На сите ни се случува да згрешиме, да изгубиме нешто, да заборавиме. Не мора секојпат да му пререкувате на партнерот. Премолчете.

3. Флертувајте. Никогаш не сте премногу стари или предолго во брак за да си покажете љубов и само со поглед.

4. Имајте трпение. Сакале или не, некогаш, едноставно мора да чекате. Избегнете го превртувањето со очите и тропкањето со прстите додека го чекате партнерот. Тргнете го погледот кој зборува: Кај си до сега? Земете воздух, издишете и смирете се. Нема ништо страшно ако почекате.

5. Обрнете му внимание. Не мора тоа да биде 24/7, но на моменти треба да го покажете тоа.

22-nacini-za-da-kazete-te-sakam-bez-da-izgovorite-ni-zbor-1.jpg

6. Исчистете. Без разлика кој растурил и чија работа е тоа, исчистете сè, без потоа да префрлате некому.

7. Бидете тука кога е тешко. Не е целта да се искарате и да си заминете со крената глава.  Потребно е да бидете тука додека целосно не се реши проблемот.

8. Спуштете го штитот. Не глумете недостижни, изненадете го партнерот.

9. Возвратете на убавите гестови од партнерот. Доволна е насмевка или мал бакнеж.

10. Спречете кавга уште на почетокот. Најмалку што можете да направите е да останете смирени и да не ја продолжите караницата. Само премолчете, ќе помине. Искажете го подоцна ставот.

11. Најдете начин да се пошегувате со грешките и на своја сметка. Така ќе ја ублажите ситуацијата.

Уште 11 начини на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg