Забрането овошје: Излегувам само со оженети, а потоа ги враќам кај нивните сопруги

Хедер започнала да излегува со оженети мажи и набрзо воочила дека не само што сексот е одличен, туку со овие мажи нема никаква иднина, што посебно и се допаѓало.

zabraneto-ovosje-izleguvam-samo-so-ozeneti-a-potoa-gi-vrakam-kaj-nivnite-soprugi-01.jpg

Со Џек се почувствувала посебно, затоа што првиот сексуален однос го доживеала со овој оженет човек на дури 29 години.

Со Ден возбудувањето било сè поголемо, иако бил малку понеуреден. Со Том ретко кога и да забележи дека имал бурма на раката.

Таа излегува само со оженети мажи, а не се срами и да открие зошто:

„Овие врски се херметички, постојат само во внатрешноста на нашите станови. Дали тоа се врски без иднина? Да, но што ако? Што ако не сакам да се впуштам во долго патување, кога сценариото може постојано да се менува? Што ако сакам кружен тек? Врската со оженет маж е кружен тек кој поврзува повеќе улици и од неа секогаш можам да излезам на повеќе начини.“

Иако најголема маана на врската со оженети мажи е тоа што и двајцата партнери знаат дека едниот ќе се врати кај сопругата, сепак Хедер вели дека обожава да ги гледа како си заминуваат.

„Можеби е смешно, но јас тоа го разбирам како родителството - кога единката ќе се осамостои и ќе порасне емоционално, ја пуштате да оди сама по својот пат. Затоа со задоволство гледам како мажите се враќаат кај сопругите. Кога ќе ја затворам и заклучам вратата после нив, сама сум. Благословено сама. Сама гледам како ми се појавуваат бори на лицето, сама ги забележувам белите влакна на главата. Мажите со кои сум никогаш не преноќуваат кај мене. Вечерното спиење е за во кругот на семејството.“

Хедер секогаш ќе остане во улога на „другата жена“ и е презадоволна со таа позиција.

„Аферите со оженети мажи се контролирани. Има топлина, но има и простор. Има интимност, но има и оддалеченост. Како љубовница секогаш ќе го имам оној елемент на мистерија, кој лично го обожавам.“

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg