Г-точка за совршен оргазам
Вистина или легенда, светските професионалци советуваат како да постигнете оргазам кој ќе го паметите. Г-точка е една голема животна мистерија.
Веќе со години стручњаците за сексуални односи дебатираат за овој дел од телотои многу од нив денес се сложуваат дека Г-точката постои и дека може да се постигне неверојатен оргазам.
Што е Г-точка?
Г (или Grafenberg) точката е многу чуствително место кое се наоѓа внатре, во предниот дел на вагината. Кога се стимулира, како и клиторисот, може да ви пружи брз и силен оргазам.
Зошто е толку посебна?
Дебора Сундал, експерт за женската ејакулација и автор на книгата "Женската ејакулација и Г-точка", вели: "Г-точката дава единствен оргазам кој е поинаков од оној презвикан од клиторичниот.
Ова е така затоа што простата има поинакви нерви од клиторисот, па така и оргазмот е различен."
Ја има ли секоја жена?
Околу ова прашање, сеуште постојат несогласувања, но експертката за сексуални односи Луи Пагет тврди:"Да, Г-точката постои, но секоја жена е различна.
За некои стимулирањето на оваа точка е нешто неверојатно, додека други жени не чувствуваат баш ништо. Слично е како кај брадавиците - за некои жени тие се многу чуствителни, за некои не се."
Гарантира ли Г- точката оргазам?
Нема загарантиран оргазам, но ако откиете дека вам ви одговара стимулацјата на Г-точката, тоа е дефинитивно добра вест! Што повеќе знаете за вашето тело, толку поголеми ви се шансите да доживеете оргазам.