5 знаци кои покажуваат дека тој нема никогаш да созрее

Колку и да сте лудо заљубени во својот партнер, ако тој одбива да „порасне”, за многу кратко ќе сфатите дека сте во погрешна врска, со погрешен човек.

5-znaci-deka-toj-nema-nikogasdasozree-1-

За да бидете сигурни дека не излегувате со маж кој не е созреан, погледнете ги овие неколку знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дали е тој добар за вас.

Сигурно не сакате да заглавите со „Петар Пан”:


1. Се забавува како да има 18 години

Сите сакаме да се забавуваме, но ако тој е веќе во доцните 20-ти или 30-ти години, излегувањето не треба да се состои во опивање до бесвесвест. Секако дека растењето не значи да се откажете од социјалниот живот, но значи да се најде баланс помеѓу забавата и одговорноста. Ако тој не разбира зошто вие сте лути кога се забавува како тинејџер, големи се шансите дека никогаш нема да порасне.

Зошто е тоа лошо? Дали навистина сакате да го чекате будни до 5 часот наутро, секоја ноќ, токму тогаш кога треба да бидете возрасни и одговорни? Сигурно не би сакале...


2. Никогаш не размислува однапред

Да се живее во моментот е важно, а плановите не секогаш успеваат, но сепак луѓето мора да имаат некаква идеја околу тоа што ќе прават утре. Кога сте помлади, најважно ви е да заработите пари и да се забавувате со пријателите. Но, како што минуваат годините, добро е да имате идеја за тоа што сакате да правите, кои се вашите цели или нешто слично што ќе ве носи напред во животот. Секој оној кој не умее да состави животни цели, одбива да порасне.

Зошто е тоа лошо? Кога тогаш, ќе ја изгубите почитта кон личноста која нема желба да се надгради за да стане подобра.


3. Видеоигрите се негово главно хоби

Видео игрите се навистина популарно хоби, насекаде низ светот, но животот без нив е исто така возбудлив. Иако, дури и созреаните мажи уживаат да играат видео игри со своите пријатели, сепак освен тоа тие прават и многу други работи: патуваат, читаат книги, готват. Ако неговата единствена активност е гледањето во телевизор или седењето пред компјутер, тоа кажува многу за неговата зрелост.

Зошто е тоа лошо? После некое време, вие двајца ќе немате повеќе теми за разговор и тој ќе одбива да излегувате како некогаш, а вам ќе ви стане здодевно.


4. Тој размислува само за себе

Вистински доказ за незрелост е некој кој не умее да разбере дека е важно да се биде поддршка на другите луѓе, кога нив тоа им е неопходно. Кога станува збор за тинејџер, тоа е полесно, бидејќи тие ќе пораснат и таа навика ќе се промени. Но, кога во прашање е возрасен човек, кој е себичен, тогаш имате проблем.

Зошто е тоа лошо? Ако секогаш сѐ мора да биде по негово, тешко дека ќе издржите и ќе можете да излезе на крај со ваква личност.


5. Сѐ уште е зависен од мама и тато

Тој веќе навлегол во 30-тите, а неговата мајка сѐ уште му ја пере облеката (или не дај Боже му ја купува) го вози автомобилот на татко му и нему тоа не му пречи. Но, сигурно ќе започне вам да ви пречи, кога тогаш. Ако тој никако не размислува да се исели или да започне живот со вас, тогаш трчајте колку што ве држат нозете.

Зошто е тоа лошо? Во неговата детска соба, веднаш до спалната на неговите родители? Не, благодарам! 

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg