3 типа жени кои треба да се плашат дека ќе останат сами
Многу луѓе се плашат дека нема да ја пронајдат љубовта или ќе пронајдат невозвратена љубов која ќе им ги уништи сите емоции.
Иако често пати овие стравови се непотребни, сепак постојат 3 типа на жени кои сериозно треба да размислат дали некој ќе сака да се заљуби во нив.
Ова се карактеристиките на тие 3 жени:
1. Премногу негативни
Овие жени наоѓаат маани во се што зборувате, правите, мислите. Дури и да го пронајдат совршениот маж на кои сите им завидуваат, на нив нема да им се допадне како тој џвака, каква боја на чорапи носи, како изговара некои зборови... А добро познат факт е дека кога се фокусирате на лошото, само лошо и гледате.
2. Премногу позитивни
Ова е сосема другата крајност на претходната. Овие жени се иритирачки позитивни, среќни, имаат решение за секој проблем и се сигурни дека во сè што е лошо има нешто добро. Сепак, овие розови очила не секогаш се добри. Премногу позитивните жени често не знаат да ги согледаат проблемите и да се соочат со нив, па многу лесно може да бидат оставени.
3. Жена која верува во судбина
„Сè што е судено, ќе се случи“ не е начин, ниту решение. Бог или универзумот не може да ви ја одржи врската, па затоа залудно се трудите да ги читате „знаците на судбината.“ Не очекувајте дека мажот ќе се појави сам и ќе остане само затоа што така требало да биде. Наместо тоа, голема е веројатноста дека ќе останете со празни раце.