Зачинете го сексуалниот живот: 6 состојки за подобра ерекција

Велат „на секого може да му се случи”, но ако сакате да останете „цврсти” во креветот, тогаш потребни ви се мали промени во вашето секојдневно мени на исхрана.

zacinete-go-seksualniot-zivot-6-namirnici-za-podobra-erekcija-1

Стручњаците за исхрана и секс направија листа од неколку намирници кои се одлични еротски стимуланси и проверено го будат либидото.

Момци, рецептот за подобра ерекција е следен:

1. Кафе

Кофеинот го подобрува метаболизмот, помага во забрзување на крвотокот и исто така ви ја дава потребната енергија за ноќните, љубовни акции. Почнете го денот со силно, македонско кафе и утринскиот секс ќе ви биде незаборавно доживување.

zacinete-go-seksualniot-zivot-6-namirnici-za-podobra-erekcija-2


2. Остриги

Остригите се полни со минерали и витамин Б6, кои се клучни за тестостеронот. Со самото тоа, добивате и подобра ерекција.

zacinete-go-seksualniot-zivot-6-namirnici-za-podobra-erekcija-3


3. Лути пиперчиња

Зачинете го љубовниот живот со лути пиперки. Откако вашето лице ќе зарумени после консумирањето на некој лут зачин, тоа значи дека вашите крвни садови се благодарни на ефектот од лутите пиперки. Освен тоа, крвните садови во вашиот пенис исто така ќе ви возврат со благодарност.

zacinete-go-seksualniot-zivot-6-namirnici-za-podobra-erekcija-4


4. Банани

Мажите со цврста ерекција имаат здраво срце, а за тоа потребни ви се бананите, кои содржат голема количина калиум, кој секако е одличен за срцето и за добра циркулација. Доколку не јадете банани, својата доза калиум можете да ја пронајдете во портокалите или компирите со кора, бидејќи токму во кората се наоѓа овој минерал.

zacinete-go-seksualniot-zivot-6-namirnici-za-podobra-erekcija-5


5. Вино

Заборавете на виски, вотка, ракија и преминете на црвено вино. Виното е извонреден извор на антиоксидансите, кои помагаат во отворање на артериите и нивното зајакнување доведува до производство на азот оксид. Азот оксидот овозможува проширување на крвните садови, а токму така функционира и вијаграта. Но, не претерувајте, туку ограничете се на една или две чаши вино, бидејќи премногу алкохол може да предизвика спротивен ефект.

zacinete-go-seksualniot-zivot-6-namirnici-za-podobra-erekcija-6


6. Кромид и лук

Консумирањето на кромидот и лукот ја подобрува циркулацијата, а со самото тоа и ерекцијата. Само внимавајте да не отидете во кревет со лош здив, бидејќи тоа воопшто не е секси. Пред да се впуштите во љубовна авантура пијте кафе, земете пеперминт бонбона или џвакајте магдонос, бидејќи тие ќе ви помогнат во отстранување на мирисот од кромид и лук.

zacinete-go-seksualniot-zivot-6-namirnici-za-podobra-erekcija-7

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg