6 причини зошто совршениот дечко може да биде ужасен сопруг
Како е возможно моментално совршениот маж да стане толку ужасен сопруг, само неколку години подоцна?
Можеби ви одговара сега во моментов, но кој знае каде ќе сакате да бидете за неколку години?
Дали тој ќе може да се носи со вашите избори? Дали вие воопшто ќе бидете дел од неговите избори?
Еве зошто совршеното момче не мора да биде и идеален сопруг:
Тој е претерано добар
Врската е добра, тој е одличен. Но, ви треба некој кој ќе ве предизвика. Тој ви дозволува да правите буквално што и да посакате и секогаш го има одговорот „секако дека може.“ Но, она што ќе го откриете малку подоцна е дека не се снаоѓа баш најдобро во искрени конверзации, во кои треба да ви даде позитивна критика.
Ве гуши со романтика
Да имате момче кое знае да подели комплимент и да покаже љубов е предност, но не и кога романтиката е многу поважна од вашиот личен простор. Потребен ви е човек кој ќе ве третира коректно, а не како предмет на кој треба да му се воодушевува.
Со него е тешко да се живее
Сакате кога доаѓа кај вас, кога поминувате цел викенд заедно, кога одите на одмор... Но, овие неколку дена не се знак за успешен заеднички живот. Кога живеете заедно, буквално го прилагодувате вашето секојдневие кон друга личност, што може да биде исцрпувачко. Откако ќе настанат неколку конфликти, големи се шансите да се премислите за прстенот на рака.
Вашите интересирања не се совпаѓаат доволно
Врската со човекот кој има далеку поразлични интереси може да биде возбудлива, но морате да имате на ум дека во иднина работите ќе се променат. Дечкото кој има проблем да се смири е забавен, но за кратко. Амбициозниот бизнисмен можеби ќе ве води на возбудливи состаноци, но секогаш ќе бидете само еден состанок во неговиот план на настани.
Тој не е материјал за брак
Ситниците како што се избегнувањата на семејни собири или заборавањето на важните датуми, може да ви откријат дека тој не е човекот со кој сакате да го поминете животот. Тука нема да ви помогне ниту едно извинување, ниту оддолжување.
Има фобија од врзување
Сакате што е независен и не сака да го споделува приватниот живот со сите, но во моментот кога ќе се почувствувате како љубовница, а не девојка, имате сериозен проблем.