10 знаци дека почнувате да се заљубувате

Некои се заљубуваат на прв поглед, а на други им треба малку повеќе внимание додека ги почувствуваат пеперутките во стомакот или додека целосно не се опседнат со партнерот.

10-znaci-deka-pozcnuvate-da-se-zaljubuvate-01

Понекогаш чувствувате некои мали обични работи кои наеднаш почнуваат да ви влијаат многу повеќе од претходно. Токму тие се првите знаци дека почнувате да се заљубувате целосно.

1. Почнувате да размислувате и да ја планирате иднината и тоа не ве плаши

Веќе размислувате за следниот годишен одмор каде ќе одите или планирате нешто на подолг временски рок. Сето тоа ви звучи нормално и природно, без да се чувствувате чудно.


2. Среќата на партнерот е и ваша

Важно е партнерот да биде среќен, без разлика дали причината е поврзана со вас или не. Неговата/нејзината лична среќа ве прави среќни и вас.


3. Сакате да биде до вас и во добро и во лошо

Сакате да се грижи за вас и потребни ви се неговото присуство и неговата енергија во секоја ситуација. Кога сте среќни се чувствувате поисполнети, кога сте тажни или нервозни, ве смирува.


4. Неговиот допир ви е како лек

Не мора секое допирање да води кон секс, понекогаш ви е доволно и само да заспиете во негова прегратка.


5. Зависни сте од него

Не ви се доволни ниту часовите поминати заедно, ниту долгите разговори. Постојано мислите на него со секој дел од вашиот мозок.

10-znaci-deka-pozcnuvate-da-se-zaljubuvate-1

6. Зборувате 24/7

Без разлика дали е тоа во живо, на телефон, по смс пораки или на интернет, не престанувате да зборувате и да си кажувате слатки зборови.


7. Станувате љубоморни

Не значи да бидете опседнати и болно љубоморни, туку во позитивна смисла. Чувствувате дека не сакате да го изгубите неговото внимание по ниедна цена.


8. „Ние“ и „нашето“ ви стануваат дел од вокабуларот

Не ни забележувате дека за секој план дури и кога се договарате со пријателите, без проблем кажувате „Ние сакаме“, „Нашиот план“, „Ќе дојдеме“.


9. Кои бивши?

Ако на почетокот на врската сè уште се сеќававте на бившите и одвреме - навреме ви летаа мислите, сега веќе не ви се важни и едвај помислувате. Сметате дека тоа што ви треба го имате пред себе и нема зошто да се враќате назад.


10. Сите љубовни песни се како напишани за вас

Ако претходно ви звучеа досадно и патетично, сега во сите текстови на љубовните песни се пронаоѓате.

10-znaci-deka-pozcnuvate-da-se-zaljubuvate-2

Препознавате некој знак кај себе?

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg