10 причини заради кои тој сигурно ќе ве остави
Современиот начин на живот од нас бара многу жртва. Голем број на обврски, професионални аранжмани, брзото темпо, обврски низ домот и сето тоа проследено со доза на стрес.
Љубовните односи сами по себе се доста комплицирани, а кога ќе го додадете сето она што на почеток беше набројано, резултатот е крај на романсата, која можеби имала потенцијал да успее.
Затоа, избегнете ги овие грешки:
1. Недостаток на доверба
Ако не сте сигурни во партнерот и цело време сте му зад петици, време е да престанете со игрите. Сомневањето дека можеби партнерот ве изневерува предизвикува појава на бројни други проблеми, како што се лажењето, премолчувањето на работи...а тоа само прави да растат сите сомнежи.
2. Мора да биде онака како што јас ќе кажам
Не смеете да си дозволите да бидете тврдоглави и не може секој пат да биде онака како што вие ќе посакате. Целата поента на врската е да имате заедничка среќа, а не да очекувате другиот да попушта, бидејќи кога таквиот однос ќе му дојде „преку глава”, нема да остане ништо од вашата врска.
3. Не си давате простор
Пораки, повици, појавување на работното место и за кратко време станувате здодевни. Нема потреба да се оправдувате пред партнерот или тој пред вас, за тоа каде одите и што правите, барем не секогаш.
4. Лажење
Ако не можете да бидете искрени, прекинете ја врската. Дури трепнете, невините лаги ќе ве впуштат во огромни проблеми. Ако на партнерот не можете да му кажете што чувствувате или каде сте, бидете сигурни дека сте во врска која нема иднина.
5. Недостаток на време за секс
Верувале или не, но ако ни двајцата не можете да најдете време за малку страст во спалната соба, тогаш можеби веќе сте почнале да губите интерес. Поминувајте повеќе време заедно и споделете што сакате и очекувате во креветот.
6. Работохоличари
Ако премногу сте сконцентрирани на својот живот и својата кариера, најдобро е да се разделите. Секако дека не треба да заборавите на работата и семејството заради партнерот, но мора да најдете време и за него.
7. „Здраво за готово”
Суштината на секој однос е да се ценат меѓусебните ставови и одлуки, без разлика колку лудо и да звучат. Никогаш, ама буквално никогаш не смеете да го исмевате партнерот пред останатите.
8. Нереални очекувања
Со тек на време, може да се случи премногу да очекувате од другиот, без разлика дали станува збор за заеднички живот или некој вид на жртвување. Кога тоа нема да се исполни, вие ќе се чувствувате како партнерот да ве оставил на цедило. Наместо тоа, дочекајте го секој нов ден како нова шанса и разговарајте како возрасни личности.
9. Недостаток на компатибилност
Можеби чувствувате премногу привлечност и страст, но доколку не сте компатибилни нема врската премногу да трае. Сличните интереси, смислата за хумор, прифаќањето на личноста онаква каква што е, се работи што компатибилните парови ги поседуваат.
10. Премногу планови
Не можете да ги забрзате работите ниту да ја предвидите иднината на самиот почеток од врската. Ако премногу зборувате за деца, свадба, заеднички живот можете само да го исплашите партнерот. Живејте во сегашноста и чекор по чекор градете ја врската.