Работи за сексот кои посакувам да ги знаев кога бев помлада
Кога би можела да го вратам времето назад, некои работи сигурно ќе ги направам поинаку.
Истото важи и кога е во прашање сексот, па посакувам тогаш помалку да се грижев, а повеќе да го кажувам своето мислење.
На својата помлада верзија би и го кажала токму ова:
1. Во ред е понекогаш да се прифати орален секс, а да не се врати услугата назад.
2. Немој да бидеш срамежлива и кажи го на глас она што сакаш да го пробаш.
3. Тој нема да забележи дека си качила некој килограм плус. Затоа, престани да се нервираш околу тоа.
4. Ако гледаш порно филм само со девојки тоа не значи дека те возбудуваат жени.
5. Немој да паничиш кога твоето момче ќе гледа порно филмови. Тоа не значи дека не сака секс со тебе.
6. Аналниот секс прифати го ако сакаш, а не само затоа што тој сака.
7. Не се срами од своите фантазии, бидејќи сите ги имаат и тоа не е ништо ненормално.
Што би и кажале вие за сексот на вашата помлада верзија?