Отворете ги очите: Дали тој ве изневерува?

Ако во последно време сѐ повеќе мислите дека вашиот партнер ве изневерува, тогаш постојат неколку начини тоа да го проверите и потврдите.

cheact-sheet

Постојат одредени знаци на изневерување, преку кои лесно ќе дојдете до заклучокот.

21 знак можат да ги отворат вашите очи:

1. Вашиот партнер многу повеќе време посветува на сметките, од вообичаеното. Тоа го прави заради чувството на вина, кое го има кога ве изневерува. Ваквото однесување е најизразено на почетокот од аферата.

2. Одеднаш ве преплавува со подароци. Уште наречени „подароци од вина”, тој се чувствува лошо бидејќи ја изневерил вашата доверба, па на овој начин чувството на вина се намалува.

3. Кавгите стануваат сѐ почести. Тоа му дава причина да излезе од домот и да се најде со љубовницата. Втората причина заради таквото однесување можат да бидат помешаните емоции заради неверството.

4. „Што ќе правиш ако раскинеме?” или „Ако раскинеме, секогаш ќе бидам твој пријател”. Тој негативно гледа на вашата врска, бидејќи има каде да се утеши кога со вас ќе биде готово.

5. Станува сѐ почуден. Кога излегува од домот е вознемирен, а кога се враќа тој изгледа како да му е срушен светот. Секој проблем во врската се прелива врз наредниот, тоа е неизбежно.

6. Ретко разговарате. Можеби заедно сте цел ден, но тоа обично е време поминато во тишина. Тој е постојано ладен и не обрнува внимание на вашите чувства.

7. Променет вкус за музика. Порано обожавал поп музика, а сега му одговара рок. Тоа значи дека тој е под нечие влијание.

8. Нема самодоверба. На несигурните луѓе им е потребен водич, а доколку не му пружите сигурност, тој ќе ја побара на друго место.

9. „Господин критичар”. Често критикува работи кои му пречат кај вас, иако до пред некое време истите ги обожуваше и сметаше за атрактивни.

10. Лесно се навредува. Вашите коментари го навредуваат, дури и оние ситните и невините.

otvorete-gi-ocite-dali-toj-ve-izneveruva-1

11. Невнимателен. Повеќе не обрнува внимание на вас или на вашите деца, доколку ги имате.

12. Затворање на вратите. Паровите кои живеат заедно не внимаваат дали вратите се затворени или отворени. Но, личноста која има афера, ги затвора вратите кога другиот ги остава отворени, со цел да направи физичка и психичка дистанца.

13. Комплименти. Не ви упатува никакви комплименти.

14. Љубов. Престана да ви зборува колку многу ве сака и посакува.

15. Чувство на неудобност. Кога ќе направите нешто добро за него, тој веднаш се преиспитува и се чувствува неудобно заради тоа што го прави.

16. Пријателите на прво место. Времето го поминува со пријателите, бидејќи со вас му е незгодно.

17. Иднината. Не е заинтересиран за иднината на врската.

otvorete-gi-ocite-dali-toj-ve-izneveruva-2

18. Избегнува секс. Наместо да разговара со вас или да води љубов, тој гледа телевизија или чита книги.

19. Зборува за ликови кои не ги познавате. Најчесто тоа се женски личности, на пример пријателка, колешка и ви раскажува за нивните проблеми, а вие воопшто и не ги познавате.

20. Ѕид помеѓу вас и партнерот. Тој делува емоционално оддалечено и повлечено, а кога ќе го прашате за што станува збор, не сака да разговара со вас.

21. Незаинтересиран. Во текот на сексот, вашиот партнер делува отсутно и незаинтересирано. 

Препознавате некој знак кај вашиот партнер?

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg