Сауна за вагина: Како да ја направите во домашни услови?
Кога се работи за бизарни интимни третмани, славните и богати постојано откриваат по нешто ново. Овој пат на ред е сауната за вагина, која многумина велат дека им го подобрила сексуалниот живот.
„Парењето“ на вагината е познато како „V-steam“ и е традиционален кинески метод преку кој вагината се ослободува од сите токсини.
Како делува?
Парењето е токму онакво какво што го замислите. Поточно, жената треба да клекне над сад со зовриена вода и лековити билки помеѓу кои спаѓаат босилекот, ориганото, невенот, белиот слез и пелинот, а од струкот па надолу треба да е покриена со мек пешкир.
Процесот трае од 20 до 40 минути, за време на кои доаѓа до опушање на мускулите и ширење на крвните садови во интимниот дел.
Пелинот е познат како добар лек за менструални болки, грчеви, а во некои случаи на неплодност може да направи чуда.
И покрај тоа што делотворноста на овој третман не е докажана, бројни славни и богати дами тврдат дека им помогнал.
Дел од нив велат дека на овој начин си го подобриле сексуалниот живот, додека една сопственичка на спа центар тврди дека овој метод и помогнал за остане бремена во 45-та година.
Би пробале ваков третман?