12 причини зошто да се заљубите во постар маж

Сте се заљубиле во малку постар маж и се чувствувате чудно и непријатно кога тоа им го кажувате на другарките? Веројатно не треба да ги гледате работите на тој начин.

12-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-postar-maz-01.jpg

Важно е како вие се чувствувате и што ве прави среќни. Ако се чудите како да го објасните тоа, доволни ви се следниве 12 причини, после кои нема простор за недоразбирање.

1. Љубовта е слепа

Кога се случува вистинската љубов, двајцата ја чувствуваат. Не дозволувајте негативната перцепција во друштвото да ве спречи да се гледате со некој кој ве привлекува, без оглед нa годините.


2. Поголема удобност

Кај постарите мажи ќе наидете на поудобно место за живот, бидејќи тој знае да ужива и станот не му служи само за преспивање.


3. Не лутаат

Постарите мажи веќе се пронашле себе, не лутаат дали сакаат да се занимаваат со фотографија или собирање плочи и нема потреба постојано да зборуваат за своите интереси.


4. Разбирање

Подобро ќе се разберете со постар, отколку со помлад маж, бидејќи помладите немаат доволно емоционално знаење и искуство, па ги фаќа паника ако им се случи емотивна криза.


5. Знае да готви

Обично постарите мажи знаат да готват и што е најважно сакаат тоа да го прават и ви приредуваат убави изненадувања.


6. Подароци

Постарите партнери имаат искуства и во одбирање подароци, така што ретко им се случува да не ви го погодат. Дури знаат и во вистински момент да ве изненадат.

12-pricini-zosto-da-se-zaljubite-vo-postar-maz-02.jpg

7. Кариера

Сигурно веќе ја пронашол работата и со сигурни чекори ја гради кариерата. Тоа му дава дополнителна сигурност и самодоверба.


8. Разговори

Со постарите мажи може поотворено да разговарате и да водите подлабоки конверзации.


9. Излегувања

Поголеми се шансите вашиот партнер ако е постар од вас подобро да ги познава рестораните во градовите како и добрите места за излегување. Со него никогаш нема да завршите на здодевно место.


10. Изговори

Помладите момци не се баш познати како одговорни личности, па често мора да смислуваат разни изговори. За разлика од нив, повозрасните мажи одговараат за своите постапки.


11. Емоции

Постариот партнер подобро ги познава своите емоции, работите му се јасни и си го знае своето место во врската.


12. Опкружување

Неговото опкружување и пријателите се сигурно поинтересни од недораснатите пријатели на помладите момци, кои често се однесуваат како тинејџери.

Дали вие ја оправдувате врската со постар маж? Која разлика во години е прифатлива?

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg