10 причини зошто сакам да ѝ се заблагодарам на личноста што ми го скрши срцето

Вообичаено сите сакаат веднаш да ја заборават и избришат личноста која најмногу ги повредила, но зошто? Јас сакам да му се заблагодарам на оној што ме напушти.

10-pricini-zosto-sakam-da-i-se-zablagodaram-na-licnosta-sto-mi-go-skrsi-srceto-001

Сакам да се заблагодарам што ми беше омилената врска толку долго, но и затоа што најболно ми го скрши срцето.

Никогаш нема да го преболам. Го доживеав најубавото време со него и сакам тој да го знае тоа.

Тој може секоја девојка да ја направи среќна. Затоа ѝ завидувам неа, но му благодарам него што имав можност да бидам со него, тогаш кога бев.

Само затоа што не ни успеа, не значи дека треба да се промениш.

1.Ти благодарам што ми покажа која сакам да бидам

Ти го разбуди во мене најдоброто и ти си единствениот кој ми кажа која е мојата најдобра страна. Сакам секој да го види тоа.

2. Ти благодарам што баш беше идиот

Искрен си, знаеш што сакаш и ништо не може да те спречи. Ме смируваше кога беше потребно и се согласуваше со мене кога сакав јас да бидам во право.  Ако направев нешто што не ти се допаѓа, не правеше нешто со кое ќе ме исплашиш или навредиш. Никогаш не беше ни премногу лош, но ни премногу добар со мене. Ти си она лошо момче со меко срце кое го посакува секоја девојка.

3. Ти благодарам што ме третираше како принцеза

Ме нарекуваше принцеза, но секогаш покажуваше дека ти си мажот во врската.

4. Ти благодарам што беше мојот дом, мојата удобна зона и мој најдобар пријател

Ми недостига тоа многу.

5. Ти благодарам што ме научи да се сакам себеси и однадвор и однатре

Правиш да се чувствувам убаво, дури и кога се чувствувам ужасно. Секогаш ми покажуваше како да ги видам добрите страни кај себе.

10-pricini-zosto-sakam-da-i-se-zablagodaram-na-licnosta-sto-mi-go-skrsi-srceto-1.jpg

6. Ти благодарам за довербата

Во ова време довербата може да направи сè или да уништи сè, ти благодарам што ми веруваше и што направи да можам да верувам во тебе без да ја изневериш мојата доверба.

7. Ти благодарам што комуницираше постојано со мене, секој ден, цел ден, со месеци...

Без разлика дали тоа беа пораки, телефонски разговори или средби, никогаш не се чувствував осамено со тебе. Можевме да не зборуваме за ништо или да си испратиме само една насмевка и јас бев најсреќната девојка. Ми недостигаш многу.

8. Ти благодарам што беше вистинско уживање да се биде покрај тебе

Ако постои медал за момче кое е секогаш тука, ти го заслужуваш. Беше толку паметен, забавен и совршен. Со никој друг не можам толку често и толку многу да се забавувам, освен со тебе. Најмногу ми недостигаат разговорите со тебе.

9.Ти благодарам што ми беше потребната поддршка во секое време

Нема да го заборавам првиот семестар на факултет кога сите ми беа високи оценки, само една ниска, но ти не престана да ми кажуваш колку си горд на мене. Го обожавав чувството кога те правев горд.

10. Ти благодарам што ми покажа дека постои живот и по раскинувањето

Кога те запознав бев штотуку излезена од ужасна врска и мислев дека ти си пратен од Рајот. Не само што ми покажа дека постои живот по лоша врска, туку и после добра, исто така. Ми недостигаш секој ден. Се справувам со тоа некако, но не можев да престанам да мислам како да ти се заблагодарам.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg