Сите мажи не ви чинат? Можеби проблемот е во вас
Имате чувство дека привлекувате само лоши момци кои сакаат авантури за една ноќ? Можеби проблемот не е во нив, туку во сигналите кои вие ги испраќајте.
Девојките кои мислат дека сите момци се безобразни, најверојатно ќе се препознаат во овие грешки:
1. Избрзувате со сексот
Ако пребрзо скокнете во кревет со дечкото, нема да му дадете време да развие чувства, почит или добри манири кон вас. Не значи дека треба да чекате со години, но ако веднаш се предавате без проблем, ризикувате да го изгуби интересот за вас.
2. Барате замена за бившиот
Понекогаш најлесен начин да се преболи бившиот е токму тој - да се најде нов дечко. Во овие ситуации, тешко дека ќе ги почитувате вашите потреби и критериуми, затоа што важно ви е само нечие присуство. Сосема ви е јасно дека оваа врска, односно замена, е осудена на пропаст.
3. Површност при одбирањето на момчето
Сите понекогаш сме површни и ги сакаме убавите работи пред корисните, но ако на овој начин го одбирате и партнерот, големи се шансите да се разочарате кога работите ќе се искомплицираат.
4. Го слушате само биолошкиот часовник
Ако ловите момче само за да се вклопите меѓу пријателките кои имаат семејства и прстени на рака, големи се шансите да уловите лош маж и уште полоша врска. Колку гласно и да ви чука биолошкиот часовник, водете се според разумот.