50 работи кои треба да ги направите за вашата врска да трае
Љубовните врски се тешки и комплицирани. Но, ако сте подготвени да дадете ветување кое ќе го почитувате и во здравје и во болест, во добро и во зло, постојат најмалку 50 работи кои треба да ги направите за вашата мисија да успее.
Едноставни се и лесни, но клучни за секоја љубовна врска.
1. Не очекувајте љубовна бајка.
2. Простувајте. Што почесто, тоа подобро.
3. И заборавајте. Едно без друго не може.
4. Бидете добар тимски играч.
5. Растете, менувајте се и развивајте ја вашата личност.
6. Научете да се адаптирате. Научете да ги прифатите промените.
7. Имајте надеж. И никогаш не губете ја.
8. Патувајте заедно.
9. Но, патувајте и одделно.
10. Развивајте ги сопствените интереси.
11. Привлекувајте нови пријатели.
12. Не се натпреварувајте.
13. Вежбајте. Здравјето е секогаш на прво место.
14. Научете кои сте. Погледнете се во огледало и одговорете си на клучните животни прашања.
15. Признајте дека грешите, дури и да не сте.
16. Славете ги сите достигнувања, без оглед на тоа колку се големи и мали.
17. Подготвувајте си изненадувања.
18. Научете дека среќата е во ситниците. Отворете врата, понудете помош, обрнете поголемо внимание...
19. Но, и во ситните маани на партнерот. Навикнете се на нив, што поскоро - тоа подобро.
20. Работете на сопствените квалитети.
21. Почитувајте ја приватноста. Па дури и кога се работи за упаѓање во тоалетот.
22. Зборувајте за сексот. Пред да имате односи, додека имате и откако истите ќе завршат.
23. Охрабрувајте се меѓусебно. Надминете ги несигурностите, заеднички.
24. Во ред е да имате тајни. Помирете се еднаш засекогаш.
25. Избегнувајте „читање на мислите.“ Ако имате нешто да кажете - кажете го.
Уште 25 на следната страна...