Секси глас за заведување
Дали сте забележале дека бојата на гласот има важна улога кога заведуваме некого? Истражувањата покажаа дека 38% од нашата привлечност зависи од...
...тоа како звучи нашиот глас.
Експертите тврдат дека не смееме да ја потцениме моќта на гласот. Со малку вежбање тој може да стане моќно оружје за заведување.
Истражувањата покажаа дека при комуникација со спротивниот пол, 55% од привлечноста зема физичкиот изглед, содржината на речените зборови 7%, а дури 38% му припаѓаат на бојата на гласот.
Која боја на глас остварува најголема привлечност?
Жените најмногу сакаат длабок и снажен машки глас, со таков глас може да се пофали глумецот Шон Конери.
Мажите највеќе ги привлекува нежен и висок глас, таков глас имала Мерлин Монро, а денес Памела Андерсон може да се гордее со ваков глас.
Потврдено е дека нашиот глас е најсекси после доживувањето на оргазам или после будење бидејќи тогаш нашите гласни жици се најопуштени.
Искористете ги овие моменти за жешки разговори.