10 знаци по кои ќе сфатите дека најдобриот пријател треба да ви стане партнер

Можеби на почетокот не сте помислувале на нешто друго, можеби сте израснале заедно, па сите работи ви се сосема норамални и вообичаени, но некои знаци ве издаваат.

10-znaci-po-koi-ke-sfatite-deka-najdobriot-prijatel-treba-da-vi-stane-partner-01

Во моментот кога останувате сами доволно е да забележите неколку од овие знаци за да сфатите дека треба да преминете на следното ниво и дека нема подобар партнер од најдобриот пријател.

1. Си го знаете сексуалниот живот
Имате потрешено денови и години зборувајќи за вашите сексуални животи, па двајцата знаете што другиот сака и нема потреба да се срамите.

2. Тој е оној со кој едвај чекате да ги споделите новостите
Сè што ви се случува сакате да му кажете и тој е првиот на кој се јавувате.

3. Се согласувате за важни теми и ставови
Сте имале секакви дебати, но за некои важни животни ставови исто размислувате и се согласувате.

4. Сте се виделе еден со друг и во најлошо издание
Заедно сте поминале пијани ноќи, сте биле болни, расплакани или лути, но сепак сте останале најдобри пријатели.

5. Уживате во сè што правите заедно
Без разлика дали е тоа кафе, јадење, гледање филм, фудбал или шопинг, уживате во сè што правите заедно.

10-znaci-po-koi-ke-sfatite-deka-najdobriot-prijatel-treba-da-vi-stane-partner-2

6. Си ги знаете мааните
Знаете на кого што му пречи, кој какви маани има и знаете да се справите со тоа.

7. Се разбирате по некои знаци дека и двајцата сакате да се случи нешто повеќе
Знаете како да се освоите меѓусебно и како да преминете на следното ниво.

8. Си ги знаете тајните
Знаете работи за кои би ви требале години за да ги дознаете доколку сега се запознавате.

9. Имате исти интереси
Сакате исти работи, имате заеднички идеи и предлози со кои сакате да го поминувате слободното време.

10. Си ја знаете љубовната историја
Со оглед на тоа што сте најдобри пријатели подолго време, веќе знаете какви девојки му се допаѓаат, а какви не. Па, сигурно веќе проценувате колку се вклопувате.

10-znaci-po-koi-ke-sfatite-deka-najdobriot-prijatel-treba-da-vi-stane-partner-1

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg