Ете затоа те сакам!

Секоја вљубена девојка ќе ги разбере овие причини кои се виновни за вртењето во главата и пеперутките во стомакот кога е во близина на својата друга посилна половина.

ete-zatoa-te-sakam-01.jpg

- Те сакам затоа што ме правиш да се чувствувам посебно.

- Те сакам бидејќи ми ја бакнуваш раката како во филмовите.

- Те сакам затоа што знаеш да ме гушнеш кога ми е тешко и да не зборуваш.

- Те сакам бидејќи само ти знаеш како да ме насмееш онака вистински, од душа.

- Те сакам бидејќи не ме расплакуваш и ме заштитуваш.

- Те сакам бидејќи знаеш како да ме возбудиш на начин на кој што го можеш тоа само ти!

- Те сакам бидејќи ми си најдобар другар, покрај тоа што си ми партнер.

ete-zatoa-te-sakam-02.jpg

- Те сакам бидејќи ги прифаќаш моите пријатели.

- Те сакам бидејќи не ми забрануваш.

- Те сакам бидејќи ме разбираш.

- Те сакам затоа што знаеш на моменти да ме зграпчиш и да ме притиснеш на sидот, а потоа нежно да ме бакнеш.

- Ја сакам твојата насмевка!

- Те сакам бидејќи само ти знаеш како да го милуваш секој милиметар од моето тело, да ме излудиш а потоа да се тргнеш, за уште повеќе да те посакувам.

- Те сакам бидејќи си различен од другите, посебен, мој.

- Те сакам бидејќи ми ја знаеш душата.

- Те сакам бидејќи на моменти ги надополнуваш моите реченици и ме оставаш без зборови.

ete-zatoa-te-sakam-03.jpg

- Го сакам твојот парфем и стил, чие сеќавање ме мачи во доцните часови кога не си до мене.

- Те сакам бидејќи само ти можеш да ме налутиш, да си заминам а потоа со нетрпение да очекувам да ти се вратам.

- Те сакам затоа што спомените со тебе се најнезаборавните, најлудите во мојот живот.

- Те сакам бидејќи ти си мојата сродна душа.

- Те сакам затоа што ти ме сакаш! Ете затоа те сакам.

Кои се причините за вашата љубов кон партнерот?

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg