9 Начини да препознаете вистински џентлмен
Модерното одело и скапоцениот часовник, не го прават мажот „вистински”, туку станува збор за поседување на едни поинакви вредности...
Мажот кој се однесува во согласност со моралните начела, го почитува бонтонот, тој покрај секоја жена се чувствува посебно и е вистински џентлмен.
Овие 9 работи ќе ви помогнат да направите разлика помеѓу џентлмен и „обичен” маж:
1. Ги почитува другите
Вистинскиот маж, мора да почитува сѐ, без разлика дали станува збор за неговите пријатели, надредени на работи или можеби жената која му се допаѓа. Тој во ниеден случај не треба да почитува одредена личност, само ако очекува нешто за возврат.
2. Во целост ја подржува партнерката
Без оглед на тоа какви соништа и цели има неговата партнерка, џентлеменот ја поддржува во целост. Секако, доколку нејзините соништа се нереални, тој ќе помогне и ќе ја изведе на вистинскиот пат.
3. Искреност
Кога е во прашање љубовта, џентлеменот нема да си игра со туѓите чувства. Работите кои се случиле пред него, воопшто не го интересираат, а во љубовта е искрен, отворен и сигурен во себе.
4. Џентлеменот е тука за вас, во секој миг
Љубовните врски не се секогаш мед и млеко, па така доаѓаат денови кога посакувате да се откажете од сѐ. Но, вистинскиот маж не бега штом ќе стане густо, туку останува и се бори за вашата љубов.
5. Љубезни кон вас
Љубезноста, исто како и почитта, не треба да претставуваат оружје за постигнување на сопствените цели. Џентлеменот ќе биде љубезен кон сите, без оглед дали од тоа ќе има некаква корист или не.
6. Компромис
Џентлеменот знае дека клучот за добра врска, покрај комуникацијата, е и правењето на компромиси. Какви желби и да има, тој секогаш ќе ги вклучи и плановите на својата партнерка. Тој сфаќа дека за квалитетна врска потребно е двајца и дека светот не се врти само околу него.
7. Секогаш подготвени да помогнат
Вистинскиот маж без приговор ќе помогне на секој, кому му е помошта неопходна. Секако, нивната животна мисија не се состои од тоа само да им помагаат на другите, туку и да се издвојат од толпата.
8. Семејството на прво место
Без разлика на тоа колку пријатели има или дали има обврски на работа, неговото семејство секогаш ќе му биде на прво место. Тој нема да ја остави својата болна сопруга сама дома и без разлика што вашите родители не му се најинтересни луѓе на светот, сепак следниот празник ќе го помине со нив.
9. Дела наместо празни зборови
Некој некогаш има кажано дека џентлеменот е маж, кој туѓите потреби ги става пред своите. Кратко и јасно, тој нема да се обидува да ве освои со зборови, туку од неговите дела ќе сфатите дека станува збор за вистински маж.