Што кога поранешниот партнер ќе ви тропне на врата?

Конечно ви се насмевна среќата и сте во врска за која отсекогаш сте фантазирале, ја пронајдовте вистинската личност со која сте вистински среќни, но тогаш се појавува тој, или таа...

sto-koga-poranesniot-kje-vi-zacuka-na-vrata-1-

Вашиот поранешен партнер или партнерка започнува да ви се јавува, да ви пишува пораки и сака да му дадете уште една шанса.

Иако сите сме свесни дека веднаш треба да ги прекинеме контактите, сепак голем број луѓе нема веднаш да го кажат дефинитивното „Не”, бидејќи не сакаат да ја повредат личноста со која некогаш имале прекрасни мигови.

Но, мора да соберете храброст и да бидете отворени, токму поради овие 4 причини:

1. Поранешниот партнер ќе верува дека постои зрно надеж, додека не го кажете спротивното

Тој/таа одлучил/а дека е нова личност и сака нова прилика во која ќе докаже дека е создадена за вас и длабоко верува во тоа. Затоа ако не ја сакате личноста назад во својот живот бидете јасни и кажете им го тоа, без двосмислени реченици.

2. Давањето лажна надеж е најлошото нешто што можете да го направите

Ако вие се најдевте во таква ситуација зарем немаше да сакате искреност и само искреност? Тогаш морате да сфатите дека кога поранешниот/аната партнер/ка сака да се смирите во мигот кога вам ви цветаат ружи, тоа е бидејќи таа личност не е среќна.

Тој/таа можеби има некои чувства за вас, но одлучуваат да ви се вратат само затоа што им е здодевно, затоа што се осамени или од навика.

3. И вие сте повредени

Оставете го минатото онаму каде што му е местото и продолжете понатаму. Поранешниот партнер е со причина поранешен и време е да добиете љубов онаква каква што заслужувате. Целото минато замотајте го во шарено марамче и ставете го во кутија, заедно со сите спомени.

4. Си правите штета во својата сегашна врска

Секојпат кога вашиот поранешен партнер ви праќа порака или ви се јавува, тој/таа веќе навлегува полека на територијата на вашата нова љубов. Единствена работа која може да се роди од сето тоа е дополнителен стрес и болка која ќе си ја нанесете себе, но и на новиот партнер.

Љубовта е чудна машинерија, некогаш гради, а некогаш руши мостови и тоа е начинот на кој функционира. Затоа, пред да зачекорите повторно низ некој мост, размислете убаво, бидејќи можеби време е да остане срушен засекогаш. 

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg