Работи кои ни во лудило не смеете да и ги кажете на партнерката за време на секс
Кога е сексот добар, тој зборува самиот за себе. Но, кога не е, тогаш мора да употребите зборови, но внимателно избирајте ги...
Ниту во лудило не смеете да ги кажете овие неколку работи на партнерката во спалната, во спротивно тоа може да биде последен пат кога сте ја виделе гола.
Размислете пред да отворите уста и пред да кажете нешто за што подоцна ќе зажалите:
„Не сега, ќе ми почне натпреварот”
Имате потполно право да бидете уморни, но мора да сфатите дека и таа знае дека и вие сте изненадени од оваа реченица. Дури и вам не ви се верува дека сте ја одбиле, но во ниеден случај не смеете на ваков начин. Замолете ја да одложите за изутрина и ветете и дека ќе направите сѐ што таа ќе посака. Мора да и докажете дека таа сѐ уште ве привлекува и дека проблемот не е во неа.
„Има една чудна работа која сакам да ја пробам со тебе”
Сега можеби веќе и ја преплашивте. После оваа реченица вашата партнерка ќе се чувствува збунето, но доколку кажете: „Отсекогаш ми било интересно врзувањето, ти што мислиш? ”, таа ќе се чувствува како штотуку да започнувате разговор, а не дека ја присилувате на нешто што мора или да го одбие или да прифати. На овој начин, вие ѝ давате повеќе време да размисли за понудата, која многу полесно ќе ја прифати.
„Повеќе ќе уживам во сексот, ако се тестираш за сексуално преносливи болести”
Вие го кажувате тоа, а таа го слуша следново: „Се сомневам дека имаш некоја сексуална пренослива болест”, а тоа воопшто нема да ја „запали”. Кажете ѝ дека сакате вие да се тестирате за нејзино добро и дали таа би го направила истото за вас. Но, секако овој разговор не е за во кревет. Ако не сте сигурни, најдете соодветно место и време.
„Ова треба да ми одговара? Не ми се допаѓа...”
Наместо да се жалите, покажете дека сакате да ја подобрите работата. Прашајте ја што сака во креветот, а потоа кажете ги вашите ставови. Помеѓу два комплименти кажете ја негативната работа, бидејќи само така ќе ја пренесете јасно пораката.