Предигра со овошје
Предиграта е основа на секое убаво сексуално искуство. Но, кога веќе имате се пробано и сакате нешто ново да вметнете во вашата монотона предигра...
...со долготраен партнер ви го предлагаме следново.
Една работа што многу луѓе ја искористија за проширување на своето сексуално искуство е внесувањето на храна во предиграта.
Во оваа статија ќе објасниме како храната може да помогне во предиграта и сексуалниот чин.
За почеток ќе заклучиме дека предиграта е клучна во целото сексуално искуство.
Најпрво треба да се запрашате дали би се возбудиле доколку во вашата монотона предигра се внесе мало делче што ќе промени се.
Можеби ќе мислите дека е чудно, но ако се осмелите да пробате ќе откриете дека внесувањето на храна во предиграта ќе го измени целиот ваш љубовен живот.
Па доколку мислите дека вие и вашиот/та партнер/ка ќе уживате во тоа - не размислувајте и пробајте. Многу луѓе открија дека тоа е егзотично и исплатливо.
Имаме видено во некои Холивудски сцени како коцката мраз се лизга по голата кожа.
Но, дали би го пробале тоа со парче овошје? Пробајте ја оваа едноставна игра со парче од вашето омилено овошје.
Земете јагода, манго или кое било друго сочно овошје да се лизга бавно по ерогените зони на телото на вашиот партнер.
Водете го овошјето по цртите на телото и следете ги контурите на нејзиното/неговото тело. Па употребете го јазикот и следете го истиот пат тоа ќе е слатко за вас и возбудливо за вашиот партнер.
Уживајте во предиграта бидејќи таа секогаш додава поени на сексот.