Ако сте разочарани во љубовта, прочитајте го ова!
По низа пропаднати и површни врски или распаѓање на сериозна врска или брак, лесно стануваме песимистични. Сепак, постојат некои факти кои може да ви ја вратат надежта и вербата во љубовта.
Постојат безброј можности
Најдобар начин да го надминете разочарувањето е ако се концентрирате на иднината и можностите кои ви се нудат. Животот се менува од ден на ден, а еден од најдобрите начин за позитивен став е колку може побрзо да направите промена.
Секој е поинаков
Фразата „Сите се исти“ е чест став откако некој ќе ве изневери, излаже или разочара. Сепак што и да ви се случило во минатото мора да знаете дека не се сите луѓе исти , а негативниот став може само да ви донесе песимизам и осаменост. Дозволете им на другите да ви покажат какви се и да ви го променат мислењето.
Вие сте поинакви
Секој од нас искуството различно го обликува на позитивен или негативен начин. Помислете колку ваши ставови и размислувања се променети во последните неколку години. Токму затоа што веќе не сте исти не треба да ги повторувате лошите искуства од минатото, а зрелоста ви носи одредена доза самодоверба која може само да ви помогне за да се поставите поинаку.
Позитивни примери
Наместо да се концентрирате на пропаднатите односи или лошите врски во вашата околина, фокусирајте се на оние кои вам ви се чинат здрави, среќни и стабилни. Не престанувајте да гледате љубовни филмови или да превртувате со очите кога ќе видите некој вљубен пар, бидејќи токму тие работи поттикнуваат позитивен став и желба за повторна среќа.
Уживајте во моментот
Без разлика дали се забавувате со пријателите, потенцијалниот партнер или пак сте сами, научете да уживате во она што ви се случува во моментот. Оптоварувањето со тоа што било или што ќе биде, правењето негативни сценарија се начини на кои луѓето секојдневно си го намалуваат задоволството.
Не ја брзајте љубовта
Не можете квалитетно да се заљубите ако не сте психички и емотивно подготвени. Најважните работи кои треба да ги направите е да се ослободите од болката за минатите работи, но и да научите да бидете сами и задоволни со себе.
Зошто сакате љубов?
Размислете зошто сакате да бидете во врска и да имате партнер крај себе. Притоа наведете ги сите добри работи кои ги носи љубовниот однос, а откако ќе сфатите што е толку посебно во љубовта, ќе може да имате позитивен став кон новите врски. Можно е неколку пати да ви биде скршено срцето или вие тоа да го направите некому. Но, треба повторно да го оставите отворено за нешто вредно во иднина.