Какви пениси всушност сакаат жените?

Верувале или не, жените преферираат различни видови, зависно од ситуацијата.

kakvi-penisi-vsusnost-sakaat-zenite-01.jpg

Едно истражување покажало дека жените преферираат малку поголеми машки полови органи од просечниот за секс за една ноќ, но и за долгогодишна врска.

Кога се зборува за сексот за една ноќ, жените преферираат нешто поголеми пениси, но во обем, не во должина.

Испитувањето било извршено врз 41 жена, кои имале за задача да одберат една од понудените 3D реплики на машки полов орган, кои се движеле од 10 сантиметри во должина и 6 сантиметри во обем до 21 сантиметар во должина и 17 сантиметри во обем.

Жените имале за задача да го одберат моделот на пенис кој би го сакале кај еднократниот партнер и партнерот за долга врска.

Во просек, идеалниот обем на пенис за еднократен партнер бил поголем отколку кај партнерот за долга врска, но должината за двата изнесувала околу 16 сантиметри.

Вториот интересен податок од ова истражување е што жените не се сеќаваат добро на должината на пенисот кој веќе го виделе.

Во вториот дел од истражувањето жените имале за задача да погледнат 33 модели и да одберат еден од понудените.

Кога постапката требало да ја направат 10 минути подоцна, присетувајќи се на моделот кој претходно го одбрале, речиси 80% од жените одбрале поголем пенис од првиот.

Колкава е просечната големина на машкиот полов орган во Македонија, а колкава во светот? Откријте тука.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg