3 правила на модерната врска кои мора да ги знаете
Традицијата налага на првиот состанок сметката да ја плати мажот, но во денешно време тоа не е неопходно. Кога е во прашање хемијата, истражувањата покажуваат дека се доволни 15 минути за да одлучите дали сте меѓусебно привлечни.
Многумина израснале гледајќи ги филмовите и слушајќи ги советите на постарите во врска со љубовта. Но, новото време се бараат и нови љубовни правила.
1. Првите 15 минути
Кога е во прашање хемијата, истражувањата покажуваат дека се доволни 15 минути за да одлучите дали сте меѓусебно привлечни. Со ова се сложуваат и мажите и жените, а првиот впечаток е сосем доволен за да одлучите дали сакате и втор состанок.
2. Искреноста сè уште е најдобар рецепт
Ако сте на состанок со некој кој не ви се допаѓа, подобро е да кажете дека не сте заинтересирани. Истражувањата покажуваат дека 52 отсто од мажите сметаат дека подобра е опцијата кога на време ќе знаат на што се.
3. Не одете до крај
За некои работи сè уште важат старите правила, особено кога е во прашање сексот. Повеќето мажи потврдуваат дека побрзо го губат интересот и почитта за девојката која уште на првиот состанок дозволува да одат работите до крај. Минимум неколку состаноци се неопходни пред да завршите заедно во кревет, а доколку очекувате нешто подолго и посериозно, може да го одложите сексот и малку повеќе.