9 работи кои не смеете да ги правите „од љубов“
Секоја врска побарува одредена жртва и голема толеранција, но тоа не значи дека треба да се согласите на секоја работа која тој или таа ќе ви ја предложи.
Затоа, во овие 9 ситуации задолжително научете како да кажете не!
1. Бара да се тетовирате - Од кога бојата под кожата стана доказ на љубовта? Иако може да звучи романтично, тоа е такво само ако е двострано. А, доколку идејата не ви се допаѓа немате никаква причина заради која треба да одите под игла.
2. Очекува секогаш да платите половина од сметката - Помина времето кога жените зависеа од мажите, но тоа не значи дека понекогаш не треба тој или таа да го преземе трошокот. Не треба да го испразни паричникот, но е добра промена во долгите врски и состанувања.
3. Сака чудни работи во креветот - На полето на сексуалноста е секогаш интересно да експериментирате, но целта е тоа да биде за уживање на двајцата. Доколку не сте подготвени на нешто, гласно и јасно кажете не.
4. Сака да заборавите на пријателите - Во почетокот сакате да го поминете секој момент заедно, но како што времето одминува, ќе мора да се дружите и со други луѓе. Постои голема шанса да не му/и се допаѓаат вашите пријатели, но никогаш не смее да ви даде услов - јас или тие. Одговорот веќе го знаете.
5. Не ви го отстапува далечинското - Звучи банално, но воопшто не се работи за програмата. Тоа е начин за доминација која полека преминува во навика. Затоа, единствено решение е компромисот.
6. Сака да го сакате неговото/нејзиното хоби - Трчање? Супер. Компјутерски игри? Може и тоа. Искачување на карпи? Тука застанете. Убаво е што сака да ве вклучи во секојдневието, но сигурно имате попаметни работи од трошење на времето за работи во кои не уживате.
7. Секој празник го поминувате кај едните родители - Односот со семејството секако дека треба да се почитува, но инсистирањето за секој празник да биде поминат само кај едното семејство не се толерира. Договорете се, па дури и направете распоред ако е потребно.
8. Бара да се откажете од вашите прехранбени навики - Тој сака месо и сирење, а вие сакате веганска храна? Помирете се со тоа. Изгледот на чинијата треба да го промените само ако вие тоа го сакате.
9. Ви одбира гардероба - Секој има право да каже што му се допаѓа, а што не, но облекувањето на другиот партнер е нешто незамисливо. Облеката ве претставува вас, не личноста со која сте, а најмалку љубовта кон истата.