Нумеролошка прогноза за иднината на вашата врска
5 и 5
Овие 2 броја се препознаваат и проценуваат веднаш. Ќе имаат можност да делат многу патувања, промени и слобода. Зборот слобода е вистинска формула за оваа врска. Но, дали ќе успеат да останат верни е пресудното прашање.
5 и 6
Шестката сака хармонија, нежност и мир, додека петката ја обожава слободата. Доколку шестката не пати заради слободата, а петката заради едноставноста, тогаш врската е возможна. Можеби не е лесно, но изводливо.
5 и 7
Петката е динамична и отворена, додека седмицата е повлечен тип. А затоа што меѓусебно независни и оригинални, тоа ги привлекува. Погона врска за духовно, интелектуално и професионално функционирање.
5 и 8
Петката е оптеретена со авторитет, а осмицата со желбата за успех. Од друга страна, осмицата го обожава духот на петката. Привлечноста е двострана и овие броеви се сложуваат. Сепак, ниту еден од нив не трпи зависност и ограничување.
5 и 9
Оваа комбинација е предодредена за боемски живот и авантуристички патувања. Она што се чини неверојатно, на овие 2 броја им е секојдневие. Секако, овој пар ќе доживува успеси и падови. Единствен проблем е материјалната ситуација, за која изгледа никој не се грижи.
6 и 6
Љубов, семејство и дом – тоа е нивното обележје. Одушевени се со сестраност и уметнички предизвици. Дали тоа е совршено? Дефинитивно не! Заради неодлучноста, емотивноста и недостатокот на строгост, љубовта помеѓу шестките може да усреќи или задуши.
6 и 7
Тие ќе се разберат и ќе направат компромиси, но ќе се чувствуваат незадоволни затоа што не можат соодветно да комуницираат. На шестката и е потребно постојано друштво, додека седмицата ја сака самотијата.
6 и 8
Материјалното богатство пред се е девизата на осмицата, додека чувствата пред се е девизата на шестката. Ако осмицата малку ја заборави својата потреба за доминација, оваа игра може да прерасне во љубов. Во спротивно, материјалното ќе го надвладее сентименталното.
6 и 9
Шестката сонува за идеална љубов, а деветката ја идеализира љубовта. Ако и двете се способни доволно да дадат и ако постои двострана доверба, ќе доживеат духовна и физичка љубов.
7 и 7
Ова е врска помеѓу 2 затворени и осамени личност. Можно е само да успеат како пријатели и да се поврзат духовно и професионално. На љубовен план им недостасува страст.
7 и 8
Кај седмицата се се сведува на духовно, а кај осмицата на материјално. На сентиментален план не е розово, затоа што осмицата сака да доминира, а седмицата тешко поднесува наредби и зависност.
7 и 9
Што ги поврзува овие 2 броја? Идеите, духовниот живот и потрагата за единствен начин на живот. Ќе делат интелектуални страсти и цели, но на љубовно поле деветката е голем идеалист, што може да не и се допадне на седмицата.
8 и 8
Авторитет, моќ, амбиции – осмиците зборуваат на овој јазик. Сакаат да освојуваат и успеваат. Не им недостасува енергија и храброст, но сепак постои опасност повеќе да се завртат кон работата, отколку кон љубовта. Врската е можна само ако нема меѓусебен натпревар.
8 и 9
Во оваа врска осмицата ги дава своите амбиции на деветката, додека деветката возвраќа со нови идеи и бујна имагинација. На професионален план овој пар има плодна заработка, но на емоционален план има премногу различни цели.
9 и 9
Деветките се на иста бранова должина, но се поклопуваат само на интелектуален, духовен и пријателски план. Нежноста и препуштањето на љубовта никогаш не ги спојува. Нема да најдете 2 деветки кои можат заедно во љубовта.
Се пронајдовте? Колку си одговарате?