Нумеролошка прогноза за иднината на вашата врска
За комбинациите со исти бројки, а различен распоред важи истото значење. Поточно, толкувањето на броевите 6 и 8 и 8 и 6 е исто.
1 и 1
Овие 2 лица немаат обичај да прават отстапки. Во врската секој ја сака својата независност и самостојност, па до крај ќе се бори да ја освои. Таа силна енергија служи само да зајакне авторитетот, па прашање на време е кој кога и дали ќе попушти? Само така ќе успеете.
1 и 2
Единицата има потреба за чувствителност и дипломатија од двојката. На двојката и е потребна одлучност, динамичност и заштита. Ако единицата не ја смири двојката и ако не и ги признае квалитетите, нема да се постигне љубовен склад. Во тој случај, двојката ќе го носи целиот товар.
1 и 3
Во оваа комбинација единицата го води патот и ја поттикнува тројката. За возврат, тројката ја дава својата душа и креативност за врската да успее. Ова е динамичен и интересен пар. Ако пријателството не ја надвладее љубовта, ќе ви се насмевне среќа.
1 и 4
Овие 2 броеви не живеат со ист ритам. Единицата е активна, борбена и загреана за планирање. Но, четворката не сака кога нешто се случува брзо. Оваа комбинација е подобра за професионална соработка, но не и за љубовни планови.
1 и 5
Во нивните гради се случува експлозија штом се сретнат. Помеѓу овие 2 бројки има љубов на прв поглед – жестока страст, луда љубов... се е можно. Меѓутоа, страста има ограничено траење. Импулсивноста на единицата и потребата за независност на петката, може оваа врска да ја направат невозможна по извесно време.
1 и 6
Своеволниот карактер на единицата е воодушевена од делењето на животот со шестката, која обожава да му овозможува задоволства на партнерот. Се ќе биде како во бајка ако единицата не претера во користењето на шестката.
1 и 7
Единицата е предодредена за надворешен, а седмицата за внатрешен живот. Ова е комбинација на комплементарни типови. Тие не бараат безусловно длабока љубов, туку рамнотежа и поделба на одговорностите. Можеби тука има поголемо пријателство отколку љубов, но врската ќе биде трајна.
1 и 8
Тешкотиите на оваа врска лежат во тоа кој ќе доминира и кој ќе го одредува правецот. Доколку на партнерите не им е важна нежноста и љубовта, се ќе биде добро. Што значи, љубовната врска нема да успее, но оваа комбинација е добра за материјална заработка и професионално соработување.
1 и 9
На реалистичната, самоволна и доверлива единица и е потребен идеализмот на оригиналната деветка. Ова е комбинација која се надополнува материјално и духовно, па љубовта и пријателството возможно е да постојат заедно.
2 и 2
Двојките се родени да делат љубов и на тоа поле совршено се сложуваат. Но, ќе им биде тешко да бидат спокојни и да ја намалат напнатоста. Во љубовта им недостасува баланс помеѓу интимната среќа и отвореноста кон надворешниот свет.
2 и 3
Во оваа комбинација двојката ќе и овозможи љубов и мир на тројката, што е неопходно за врската да успее. Тројката за возврат ќе и подари на двојката интерес и среќа. Речиси идеална љубов!
2 и 4
Двојката, на која и е потребна голема љубов, ќе биде спокојна благодарение на трајните чувства на четворката. Тие се разбираат, ценат и посакуваат. Само, кој ќе го направи првиот чекор?
2 и 5
Нема ни најмал сомнеж дека овие 2 броја се привлекуваат. Но, двојката никогаш нема да биде мирна затоа што е зависна, а петката независна. За оние кои сакаат бурни и заплеткани врски, ова е добра комбинација.
2 и 6
Ова се два броја кои зборуваат на ист јазик за љубовта и хармонијата. Тие не можат да живеат без брак. Ова е трајна врска, облеана со благодет и нежност. Единствен услов: Понекогаш, отворете се кон надворешниот свет.
2 и 7
Најпрво треба да знаете дека седмиците не ги искажуваат своите чувства, кои двојката очајно ги посакува. Што се однесува до пријателството, овие 2 броја потполно се разбираат, но им прети опасност заради тоа да ги потиснат длабоките чувства.
2 и 8
Осмицата сака се да биде во нејзини раце, додека двојката обожава да ги препушта работите. Одлично! Во оваа комбинација нема конфликти. Во сите области од животот осмицата ќе делува, штити и владее, а двојката ќе ужива во љубовта.
2 и 9
Ова е спој на 2 емотивни личности, но со различни имагинации. Додека двојката е свртена кон внатрешниот живот, деветката сака да го истражува надворешниот свет. И двете се кревки, неспокојни. Можно е пријателство, но ретко кога љубовната врска ќе успее.
3 и 3
Сличностите се привлекуваат. На овие 2 тројки животот никогаш нема да им здодее, затоа што се пријатели кои сакаат забава. Сепак, им недостасува постојаноста која би ја штитела оваа врска од времето кое истекува.
3 и 4
Ни малку слични, но компатибилни. Колку што тројката е спонтана, толку четворката е стабилно. Ако четворката не ја задуши спонтаноста на четворката, се ќе биде добро. Правилната доза на стабилност и забава може да направи чуда.
3 и 5
Оваа комбинација не знае за стоење во место. И едниот и другиот сака забава, патување, нешто ново. Овие непарни броеви постојано ја подобруваат врската. Сакаат да ги споделуваат своите интелектуални, љубовни и материјални богатства.
3 и 6
Оваа комбинација значи дека сте извлекле премија! Склад и љубовно спокојство – се е тука. Тројката и шестката се идеалната љубовна двојка, без објаснување и дополнителни совети.
3 и 7
Оваа врска на интелектуален план функционира добро. Но, ситуацијата на љубовен план е многу потешка. Тројката сака забава, додека седмицата постојано размислува и е таинствена. Само ако животната радост на тројката е заразна, оваа врска ќе успее. Инаку, нивните патишта ќе се раздвојат.
3 и 8
На осмицата и е потребна сила за да владее со ситуацијата, но тројката не поднесува авторитет. На професионален план имаат шанса за успех, но во љубовта им недостасува нежност и препуштање.
3 и 9
Се сложуваат на интимен план, па заедничките интереси ќе ве доведат до скриени места. Оваа врска е составена од давање и пружање, соединување на срцето и душата.
4 и 4
Бројот четири е постојаност. Затоа, двете четворки се непобедливи. Тешко е дека овој пат ќе напредува во желбите и плановите, затоа што постојаноста ќе се претвори во тврдоглавост, неверност и посесивност.
4 и 5
Потполно различни! Четворките не сакаат промени, додека петките ги обожаваат. Четворката се впушта во нешто по зрело размислување, додека петката со задоволство го прифаќа предизвикот. На овој пар му прети двострано неразбирање.
4 и 6
Врската на овие 2 броја ги има сите предуслови за успех. Всушност, двете страни зборуваат за материјална стабилност, чувствителност и љубовно согласување. Долго ќе бидат среќни, заедно со многу деца.
4 и 7
Четворката не е отворена, седмицата уште помалку. Тоа ги прави слични, но оваа врска никогаш нема да има љубовна експлозија или страст, туку искреност, разбирање и чувствително спокојство.
4 и 8
Четворката и осмицата зборуваат на ист јазик. Потребна им е сигурност, но и материјален успех. Но, кој ќе води, а кој ќе биде предводен? Заедничкиот живот ќе се оствари само кога ќе одредат заедничка цел.
4 и 9
Овие 2 броја често се привлекуваат. Меѓутоа, кога четворката ќе ја сретне деветката – вечниот идеалист, можно е се да се случи. Од случајна средба во минување, до потполна компатибилност.
Љубовните комбинации со броевите од 5 до 9, пронајдете ги на следната страна...