3 начини како „Ме боли глава” да премине во „Дојди во кревет!“
Имате чувство дека постои голема разлика помеѓу вашата сексуална потреба и онаа на вашиот партнер? Ако е така, не грижете се бидејќи не сте единствени, а причината за вашата намалена желба за секс се состои во нешто сосема друго...
Кога после напорниот ден не сакате да имате секс, тоа е се должи само на вашето расположение, туку и бидејќи вашето тело доживува премногу стрес.
Жените кои работат и имаат свое семејство, денот прекратко им трае за да стигнат да направат се, а ноќта им служи не за акција, туку за спиење.
За вашиот сексуален живот да стане подобар, дури и кога сте под стрес, запомнете ги овие три начини:
1. Вежбајте
Физичката активност не само што го смалува стресот, туку и го зголемува протокот на крв, вклучувајќи го и оној во областа на гениталиите. Секоја физичка активност ќе ви помогне, а најдобра препорака е вежбањето јога, која помага во зголемување на сексуалната возбуда.
Вежбајте јога 2 пати неделно по 1 час во времетраење од 8 недели и ќе бидете пријатно изненадени од резултатите.
2. Барајте од партнерот масажа на грб
Дури и ако не сте расположени за масажа, сепак сетете се дека допирот на кожата е одличен борец против стресот. Можеби токму поради масажата ќе се случи и нешто повеќе, а можете и да добиете масажа и на некое друго место. Не морате веднаш да имате желба, таа може да се појави и подоцна.
3. Потцртајте го денот за секс на календар
Обележете го денот кога планирате да имате секс, иако звучи апсурдно, сепак ако одредите ден шансите дека ќе се случи акција се поголеми.
Кога одредениот ден ќе го обележите и кога секојдневно ќе гледате во календарот, размислувајте за некои додатоци кои сакате да ги имате на себе, бидејќи така ќе ја зголемите физичката реакција.
Секој облик на опуштање влијае врз зголемување на либидото. На пример, ако отидете на годишен одмор, оставете ги малку бабите и дедовците да се грижат за децата, а вие имајте мал пикник.
Опуштете се и уживајте колку што можете повеќе.